Свет
Во американски напад во Пакистан убиени 9 лица
Во ракетен напад на американско беспилотно летало во северозападен Пакистан, биле убиени најмалку девет лица осомничени дека припаѓаат на милитантна групација, соопштиле официјални претставници на пакистанската разузнавачка служба
Нападот бил извршен во покраината Северн Вазиристан, во регионот Дата Кел, а се’ уште не се знае кои се лицата врз кои било стрелано. Исто така, нема инфромации ниту колку лица се ранети. Локалните медиуми потсетуваат дека во оваа област се наоѓаат засолништата на Хафиз Ѓул Бахадур, авторитетен водач на милитантите чии борци вршат напади врз војниците на НАТО во соседен Авганистан. CIA ги засили ракетните напади врз позиции за кои се верува дека се засолништа на пакистанските талибани и бунтовниците ккои соработуваат со Ал Каеда. Официјален Исламбад декларативно се спротиставува на овие напади протестирајќи дека тоа е кршење на пакистанскиот суверенитети, но аналитичарите сметаат дека станува збор за договор на двете влади. Покрај тоа пакистанската влада предупредува дека во воаквите напади во кои неретко страдаат и цивили, може да предизвика и анти-американско расположение кај локалното население во паштунските племенски област што ќе ја зајакне позицијата на талибаните и радикалните исламисти. Вашингтон одбива јавно да зборува за употребата на беспилотните летала, но пакистански разузнавачки и владини претставници велат дека во овие напади досега се убиени неколку високи членови на Ал Каеда и талибански водачи. Денеска во меѓувреме, пакистанската полиција соопшти дека во источниот град Лахоре, е откриен вториот по големина арсенал на експлозиви каде биле најдени околу два тона експлозивни материјали, три елека кои ги носат самоубијците бомбаши и четири тешки митралези. Во понеделникот, во друг склад во Лахоре, беа откриени, околу 1.500 килограми експлозиви, скриени во продавница. Минатиот петок во Лахоре беа изведени неколку самоубиствени напада при што загинаа 55 луѓе а беа повредени повеќе од сто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.