Контакт

Свет

Видео-разговор помеѓу Обама, Саркози, Меркел и Браун

Објавено пред

Претседателот на САД Барак Обама денеска преку видео линк разговараше со своите колеги, францускиот претседател Никола Саркози, германскиот канцелар Ангела Меркел и британскиот премиер Гордон Браун за актуелни прашања од светот, соопштија од Белата Куќа

„Лидерите разговараа за мерките кои меѓународната заедница треба да ги преземе кон Иран, како и околу мировните процеси на Блискиот Исток и околу низа економски прашања поврзани со идните чекори на Г-20“, изјави портпаролот на Белата Куќа, Роберт Гибс.Портпаролот на британскиот премиер изјави дека се разговарало околу напорите за усвојување на санкциите против Иран, како и за „напредокот во Авганистан“.Портпаролот на францускиот претседател соопшти дека постои согласност за воведување на санкции против Иран, како и за помош во обновување на израелско-палестинските мировни преговори, а било потенцирано и значењето на САД, Велика Британија, Франција и Германија во ангажирањето за мирот и безбедноста во Авганистан.Гибс соопшти дека лидерите разговарале и за финансиската регулатива и условите за остварување на урамнотежен и траен раст на светските економии.„Меркел, Саркози и Браун му честитаа на американскиот претседател бидејќи успеа да се избори за реформата во здравствениот систем на САД“, истакна Гибс.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Симптоми кои можат да се јават по вакцинацијата со „Спутник V“

Објавено пред

Граѓаните на Москва, кои веќе почнаа да се вакцинираат со руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ добиваат упатства за пациенти, како и потврда за извршена имунизација, кои содржат список со симптоми, кои можат да се јават по вакцинацијата, како и совети како да постапат во секој од наведените случаи.

Во упатствата се наведува дека секој десети човек, вакциниран со вакцината „Спутник V“, може да почувствува слабост или мачнина. Во повеќе случаи вакцинацијата добро се поднесува.

Ако се јави физичка слабост, нема причина за грижа, тоа е нормална индивидуална реакција на организамот и еден од знаците за формирање имунитет. На оние кај кои по вакцинацијата ќе се јави слабост, општ замор и мачнина, им се советува да ја намалат физичката активност и повеќе да одмораат.

Исто така се нагласува дека кај 5,7 проценти од вакцинираните, може да се јават болки во коските, грозница, главоболка или температура повисока од 37 степени.

Кај 4,7 проценти може да се јави болка, оток, чешање и црвенило на местото од вакцинацијата. По правило, лекување не е потребно, но може да се земе лек против алергија за да се намали отокот и чувството на нелагодност.

Еден ипол процент од вакцинираните пациенти може да имаат затнат нос, течење на нос или чувство на скокотливост во грлото. На нив им се советува да пијат многу течности и користат спреј за нос.

Кај помалку од 1 процент пак може да дојде до забрзување на пуслот или повишен крвен притисок.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно побара од потпретседателката на владата, Татјана Голикова следната недела да почне масовна вакцинација против коронавирус.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на разузнавањето на САД: Кина е најголемата закана за демократијата

Објавено пред

Шефот на американското разузнавање Џон Ретклиф оцени дека Кина е најголемата закана за демократијата и слободата во светот од Втората светска војна, додека Вашингтон го заострува издавањето визи на членовите на кинеската Комунистичка партија.

Во статија објавена во „Волстрит журнал“, Ретклиф исто така ја осуди кинеската кражба на американските деловни тајни и одбранбени технологии.

„Денес, Народна Република Кина претставува најголема закана за Америка и е најголема закана за демократијата и слободата во светот од Втората светска војна“, напиша шефот на американските разузнавачки служби.

Тој исто така ги опиша операциите во кои кинеските агенти користеа економски притисок за да влијаат или да ги компромитираат американските законодавци.

„Кинеските лидери се обидуваат да ги потчинат правата на поединецот на волјата на Комунистичката партија“, рече Ретклиф.

Во исто време, американскиот Стејт департмент објави дека членовите на Комунистичката партија на Кина се непријателски расположени кон американските вредности.

Според новите правила, кои стапуваат на сила веднаш, визите издадени на членовите на кинеската партија и нивните семејства ќе важат само еден месец по издавањето и тоа за еден влез, додека претходно тие важеа до 10 години и дозволуваа неограничен број влезови во САД.

Прикажи повеќе...

Европа

Секој 36-ти Италијанец имал коронавирус

Објавено пред

Според последното соопштение на Министерството за здравство на Италија, секој 36 Италијанец бил заразен со Ковид-19, а во последните 24 часа се регистрирани 23.225 новоинфицирани лица, пишува агенцијата „Анса“.

Сите епидемиолошки податоци покажуваат дека кривата на инфекцијата запира, освен кога е во прашање бројот на смртни случаи – вчера 993 пациенти починаа како последница на Ковид-19 што е најголем број смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата во Италија.

Комесарот за вонредни ситуации Доменико Аркури рече дека бројките се алармантни и дека не треба да се забораваат кога се одлучува за нови анти-корона мерки.

„Вирусот е сè уште силен, но ние сме во состојба да ја држиме ситуацијата под контрола“, рече Аркури.

Тој верува дека олеснувањето на ограничувањата против Ковид-19 сега би било опасно и би значело соочување со трет бран од пандемијата.

„Би било невозможно луѓето да се вакцинираат против коронавирус во услови на нов бран на инфекција“, рече Аркури.

Во Италија, земја со 60 милиони жители, досега се регистрирани над 1.660.000 случаи на зараза.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300 000...

Регион1 час

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Македонија2 часа

Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија, тврди бугарски весник

Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот...

Топ3 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион3 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија3 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија4 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион4 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет4 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа17 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија19 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија19 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија20 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија23 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен23 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ23 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет1 ден

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет1 ден

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија1 ден

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Досие