Свет
Maлики не ги прифаќа изборните резултати
Ирачкиот премиер на заминување чија коалиција претрпе пораз на парламентарните избори од коалицијата предводена од неговиот претходник Ајад Алави, изјави дека не ги прифаќа резултатите и дека ќе ги оспори, а Вашингтон бара почитување на резултатите
„Резултатите не се конечни. Се разбира нема да ги прифатиме. Тоа се прелиминарни резултати“, изјави Нури ал-Малики на прес-конференција.Тој додал дека има намера да вложи жалба на исходот од гласањето од 7-ми март. Малики претходно бараше да се пребројат гласовите повторно а поплаки за неправилности на гласањето искажаа сите водечки партии во Ирак. Изборната комисија и меѓународните набљудувачи соопштија дека изборите се правични и дека се одржани според изборните закони. САД веднаш реагираа на овие најави на Малики и дозна навечер во петок издадоа Стејт департментот издаде соопштение во кое се вели „Ги повикуваме сите кандидати и сите партии да ги прифатат резултатите, да ја почитуваат волјата на ирачкиот народ и да соработуваат во навремено формирање на новата влада“. Исто така, САД нагласија дека е многу важно сите страни да се воздржат од поттикнувачка реторика и застрашувања. Американските власти ги повикаа и сите ентитети да вложат жалби доколку сметаат, но да ги почитуваат законските процедури. Коалицијата секуларната Ирачка национална листа на Ајад Алави освои 91 место во ирачкиот парламент од 325 членови, што е за две повеќе во однос на коалицијата Правна држава на сегашниот премиер Нури ал-Малики. Независната висока избирачка комисија соопшти дека коалицијата на ал-Малики е на второ место со 89 мандати.Шиитскиот Ирачки национален сојуз, чии лидери одржуваат тесни врски со Иран, е на трето место со 70 мандати.Се очекува потврдата на конечните резултати да биде објавена по неколку денови.Специјалниот пратеник на Обединетите нации во Ирак, Ад Мелкерт во петок изјави дека според неговите оцени резултатите се веродостојни, притоа нагласувајќи дека овие избори претставуваат голем успех за Ирак.Овие резултати не му гарантираат на Алави премиерско место, туку му овозможуваат да направи коалициска влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала
ЛибанскиХезболах соопшти дека извршил напад со беспилотни летала врз израелските воени бази северно од градот Акра, во најдлабокиот напад на израелска територија од почетокот на војната во Газа.
Израелската војска соопшти дека нема сознанија за некој од нејзините објекти погодени од Хезболах, но претходно соопшти дека пресретнала две „воздушни цели“ во близина на северниот брег на Израел.
Двете страни редовно разменуваат ракетни и воздушни напади од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, но се воздржуваат од отворена војна. Сепак, со оглед на честите напади, постојат стравувања дека несреќа или погрешна проценка на која било страна може да доведе до брза ескалација на конфликтот, како и до потенцијално вклучување на други регионални и светски сили, вклучително и САД.
Хезболах вели дека нападот е одмазда за претходниот израелски напад во кој загина еден од нивните борци. Групата објави сателитска снимка со локацијата на нападот на половина пат помеѓу Акра и Нахарија на север. На едно видео е видливо и како израелската воздушна одбрана ги пресретнува беспилотните летала.
Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони одговориле со гаѓање воени цели во областа Маркаб во јужен Либан.
Најмалку две лица загинаа, а уште шест се повредени откако израелски воздушен напад погоди станбена област во јужниот либански град Ханин, објави во вторникот официјалната либанска новинска агенција NNA.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Свет
Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена: Сакаат да го докажат добриот квалитет на водата за Олимписките игри
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.
Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува АП.
„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјави Идалго.
Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.
За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.
Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.
Исто така, беше најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.