Свет
Дванаесетгодишен бомбаш загина при внесување бомба во полициска станица
Дванаесетгодишно момченце загинало во експлозија на бомба која детето требало да ја активира во полициска станица
Несреќата се случила во колумбискиот град Ел Чарго, а детето имало наредба да ја внесе бомбата и да ја активира во полициската станица.Во експлозијата биле повредени и двајца полициски службеници, пренесуваат агенциите.Засега не е познато кој на детето му го дал пакетот со десет килограми експлозив кој по завршувањето на часовите требало да го внесе во станицата. Исто така, непознато е како експлозивот бил детониран.Началникот на локалната полиција, Баирон Хавиер Ботина за Associated Press изјавил дека експлозијата била многу силна а на местото од несреќата биле најдени само нозете на детето.Друг полициски службеник смета дека најверојатно момченцето било искористено и дека некој само му го дал пакетот да го однесе во полициската станица. Герилските напади во Колумбија зачестија пред претседателските избори кои треба да се одржат во мај, а колумбиските власти предупредија дека се’ повеќе се забележува искористувањето на децата во изведување на герилски напади/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.
Свет
Си-ен-ен: Сателитските снимки покажуваат дека во Исфахан нема поголеми штети
Според сателитските снимки од вселената до кои ексклузивно дојде Си-ен-ен, се чини дека нема поголема штета во воздушната база која наводно била цел на израелскиот напад во Исфахан.
Сателитски снимки се направени околу 10:18 часот по локално време. Се чини дека нема големи кратери во земјата и нема видливи уништени згради. Меѓутоа, за да се знае со сигурност дали има некаква штета, ќе бидат потребни дополнителни визуелни сателитски снимки, пишува Си-ен-ен.
Сликите не се како обичните сателитски снимки бидејќи се создадени од сателит кој испраќа радарски зраци кои можат да поминат низ облаците, како оние што моментално ги спречуваат сателитите да ја сликаат областа. Овие радарски зраци се одбиваат од објектите на земјата и се враќаат назад кон сателитот.
Иранската новинска агенција ФАРС објави дека една од можните цели бил воен радар во воена база во провинцијата Исфахан, а единствената штета од нападот се скршени прозорци во неколку деловни згради.
Сликите исто така покажуваат дека иранските F-14 Tomcats кои во минатото беа стационирани во воздухопловната база во моментов ги нема. Дополнителни архивски сателитски снимки прегледани од Си-ен-ен покажуваат дека тие F-14 Tomcats не биле таму некое време.