Свет
Позната една од атентаторките во Москва
Истрагата на руските безбедносни служби дошла до името на една од бомбашките самоубијци од 29-ти март во московското метро, која неодамна контактирала со припадници на вахабитското движење, пренесуваат руските медиуми
Една од бомбашките-самоубијци, е вдовицата на таканареченито Емир на Дагестан, Умалат Магомедов, познат како Ал-Бара, кој беше ликвидиран кон крајот на мината година, пренесе Интерфакс повикувајќи се на полициски извори во Дагестан. „Речиси со апсолутна сигурност е утврдено дека таа е едниот извршител на терористички. Таа била истражувана по неколку основи, и речиси е извесно дека таа го има направено едниот напад“, изјавил изворот на агенцијата која нагласува дека сепка нема официјална потврда. Досието на 17-годишната Џенет Абдуалева било во Федералната оперативна база на податоци на лица коишто го исповедаат вахабизмот и се склони кон екстремистички активности.Нејзиниот сопруг кој самито се прогласи за емир на Дагестан, по ликвидацијата на Омар Шејхулаев, но беше лидер на исламистичките екстремисти само неколку месеци.„На 31 декември офицерите на Федералното биро за безбедност ФСБ во Хасавјурт го ликвидираа ’емирот’ Дагестан – Ал-Бара односно Умалат Магомедов, а со тогаш се ликвидирани и Шамил Магомедов, водач на гебденската вооружена банда, и Ибрахим Ибиев, водач на казбековската банда“, се вели во извештајот ФСБ за Дагестан што го цитира весникот Взглед. Извори на весникот Комерсант, пак, тврдат дека Магомедов ја запознал неговата жена преку интернет кога таа имала 16 години, а откако закажал средба, речиси и насилно ја зел со себе. Овие извори сметаат дека е можно една од атентаторките да биде Џанет која во меѓувреме потпаднала под големо влијание на идеологијата на вахабистите и дека највероајатно била убедена дека треба да го одмазди мажот и’.Претходно правосудните власти во Чеченија ги негираа информациите дека во двојниот терористички напад во подземната железница во Москва учествувала вдовицата на водачот Гудерската милитантна група, Саид-Емин Хизирев, Марха Устарханова.„Полицијата ги испитувала фотографиите од експлозиите во московското метро, споредувајќи ги со фотографии од Устарханова и дојде до заклучок дека непа совпаѓање со една од извршителките на бомбашкиот напад“, изјавиле за РИА Новости полициски извори од Чеченија.Името на 20-годишната Марха Устарханова го споменува и Комерсант. За нејзе се знае дека имала интернет контакти со вахабистите и дека пред една година се омажила за лидерот на екстремистичката група од Гудермес, Хазирев. Полицијата за вој брак дознала од семејството на девојката кое не се согласувала со тоа и овој брвоааРоднините на овој брак не е призната и се обратиле во полицијата да ја пронајде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.