Свет
Убиени или уапсени шест лица од врвот на Ал Каеда
Американските и ирачките војници убиле или уапселе најмалку шест осомничени лидери на Ал Каеда, наводно, вклучени во изнудувања и убиства во немирнито северен дел од Ирак, изјавил претставник на американската војска за Reuters
Осомничените милитанти за кои се верува дека му припаѓале на самиот врв на ирачкиот огранок на Ал Каеда биле убиени или уапсени во заедничките акции во периодот од 18 до 24 март на подрачјето на градот Мосул, 390 километри северно од Багдад, кое важи за едно од најголемите упоришта на Ал Каеда, се вели во соопштенеи објавено доцна попладне во четвртокот. Осомничените се обвинети за вмешаност во случаи на изнудување и убиства за собирање средства за фиансисрање на локалната мрежа на терористичката органзиација околу Мосул. Нејзини цели били нафтени компании и сопствениците на мали бизниси. Меѓу убиените еден е идентификуван како „емирот“ на северен Ирак, Калид Мухамед Хасан Шалуб ал-Џабури; потоа главната личност за обезбедување финансии за ирачката Ал Каеда, Абу Ахмад ал-Африм а постои сомневање дека е ликвидиран и ткн. гувернер на Ал Каеда на Мосул, Башар Калаф Хусеин Али ал-Џабури. Воените извори соопштиле дека меѓу десетината уапсени на 24-ти март се наоѓаат и првите три луѓе на организирањето грабежи и изнуди на работници од нафтените компании. „Очекуваме дека со апсењето на овие лица мрежата на Ал Каеда ќе биде многу онеспособена и дека ќе и’ биде потребно многу време да се преструктуира“,, изјавиле претставници на амерканската армија кои нагласиле дека заедничката американско-ирачка операција била спроведени во согласност и со налог издаден од ирачки судија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка и направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела, во Универзитетската болница Буловка во Прага 8, дошло до забуна кај лекарите околу две жени кои не биле од Прага, а тоа пак резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка и направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на министерството Онџеј Јакоб во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше непростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Novinki.cz“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми и двете пациентки биле странски државјани кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.
Регион
Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци
Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.
По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.
Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.
Свет
„Фокс њуз открива“: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина
Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава „Фокс њуз“.
„Фокс њуз“ во септември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.
Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, до која имал пристап „Фокс њуз“, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.
Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс рече дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.
Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја поради што понекогаш се појавуваат разни бројки за американската помош за Киев.