Свет
„Црвените кошули“ го блокираа трговски Банкок
Десетици илјади демонстранти го блокираа центарот на Банкок, кој важи за еден од најголемите шопинг центри, со бројни продавници, а со тоа ги присилија сопствениците да ги затворат дуќаните, јавува „Ројтерс“
Демонстрантите ја обвиниија власта дека ги запоставува сиромашните на 21 ден од почетокот на секојдневните протести за предвремени избори.Премиерот Абхисит Веџаџива прати 50.000 војници, полицајци и друг персонал од обезбедувањето, за да ги следат караваните на „црвенокошулашите“ кои допатуваа од руралните средини во главниот град на Тајланд. Најмалку шест трговски центри, вклучувајќи го и Светскиот Центар, кој е втор поголемина во Азија, ги затворија вратите на дуќаните како одговор на демонстрациите коии се одвиваат буквално пред нивните излози. Демонстрантите се закануваат дека ќе останат во областа цела ноќ. Реонот е познат по продавниците, па логично, таму најмногу се задржуваат туристите. „Не можеме повеќе да му дозволиме на Абхисит да ја води државата“, вели Јатупорн Промпан, еден од лидерите на „црвенокошулашите“, јавува Ројтерс. „Време е потценетите да се ослободат од опсесијата која им е наметната од елитата што ја поддрѓува оваа Влада. Време е таа да го распушти Парламентот“, ги бодри лидерот демонстрантите. Абхисит во преговорите од пред некој ден, понуди да ги распише изборите една година порано од регуларниот мандат, во декември годинава, затоа што смета одти секакви избори пред тој термин ќе бидат погубни за државата. Аналитичарите велат дека Абхисит, кој е роден во Британија, ќе ги изгуби изборите, ако тие се одржат сега.„Црвените кошули“ протестираат последниот месец, за смена на власта, поточно за регуларни изборти на кои народот ќе ја избере власта, затоа што сегаѓниот премиер дојде како замена откако претходниот Таксин Шинаватра избега од земјата откако беше осуден за корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.