Контакт

Свет

Убиен лидерот на белите расисти во Јужна Африка

Објавено пред

Водачот на крајната јужноафриканска десница на беците, Еуген Теребланш, кој се заложуваше за опстојување на апархејдот бил убиен на неговата фарма во Вендерсдорп

Според полицијата, Еуген Теребланш бил убиен со студено оружје од двајца негови работника, 21-годишник и 15-годишник на кој им должел плати.Шеесет и девет годишниот Теребланш беше водач на движењето Африканско движење на отпорот (AWB), група која кон крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те се залагаше за опстојување на апартхејдот и се закануваше на тогашната влада на белците со вооружено востание доколку го укине.Партијата отворено се залагаше за расизам а се пасивизираше во 1997 г., но Теребланш повторно ја активираше пред две години а најавуваше дека пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе бара право белците во Јужна Африка да можат да основаат своја држава. Во моментот на нападот на фармата која се наоѓала стотина километри северозападно од главниот град Јоханезбург, Теребланш бил сам. Јужноафриканскиот претседател Јакоб Зума го осудил убиството и го повика населението а воздржување од расни немири.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Убиен шефот на иранската нуклеарна програма

Објавено пред

Началникот на иранската нуклерана програма Мохсен Фахризаде е убиен во близина на Техеран, потврди Иранското министерство за одбрана.

Според соопштението, тој бил убиен во терористички напад додека се возел во автомобил заедно со неговите телохранители. Се наведува дека имало пукање, а при размена на оган меѓу неговите телохранители и терористите, Фахризадех бил тешко повреден и итно пренесен во болница каде им подлегнал на повредите.

Нападот се случил во Абсард, источно од главниот град на Иран.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Чавушоглу: Третманот на нашиот брод е неприфатлив

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при што го оцени за неприфатлив незаконскиот претрес на турскиот брод на Медитеранот,  пренесува „Дејли сабах“.

Чавушоглу се огласи преку официјалниот профил на „Твитер“ и се осврна на телефонскиот разговор со генералниот секретар на НАТО.

Тој наведе дека за време на разговорот зборувале за претресот на турскиот брод, како и за подготовките за состанокот на министрите за надворешни работи на земјите на НАТО, кој ќе биде одржан наредната недела.

„Нагласив дека третманот на нашиот брод е неприфатлив. Разговаравме за актуелните случувања во врска со источен Медитеран, Авганистан, Либија и со Нагорно-Карабах“, наведе Чавушоглу.

„Анкара ќе ги преземе потребните чекори на сите полиња против операцијата ИРИНИ на ЕУ поради нелегалното претресување на бродот под турското знаме кој пловеше кон Либија“, соопшти вчера Советот за национална безбедност на Турција.

Советот најостро го осуди незаконскиот претрес на бродот минатата недела од страна на германската фрегата, која е дел од операцијата ИРИНИ, чија наводна цел е спроведување на ембаргото на ОН за оружје кон Либија.

Бродот под турското знаме превезувал во Либија бои и материјали за боење и хуманитарна помош, а операцијата на ЕЕ соопшти дека не биле најдени нелегални материјали.

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган: Турција e заинтересирана за руската вакцина против Ковид-19

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека телефонски разговарал со својот руски колега Владимир Путин за прашањето за увоз на руски вакцини против коронавирусот.

„Вакцините се развиваат во Русија, Кина, во нашата земја. Зборуваме за увоз на вакцини со странски колеги, а разговарав и со Путин. Внимателно ги следиме резултатите од употреба на вакцините и се надевам дека набргу ќе можеме да ги користиме во големи количини во нашата земја“, изјавил Ердоган, а пренесува „Спутник“.

Телефонскиот разговор меѓу лидерите на Турција и Русија се случил на 24 неомври, а како што претходно објавија од прес-службата на Кремљ, Путин и Ердоган се заложиле за понатамошна соработка во борбата против Ковид-19, со приоритет во координацијата за развојот и производството на вакцини.

Претходно, прес-службата на Министерството за здравство на Русија објави дека Турција е заинтересирана да го почне производство на вакцината против Ковид-19 – „спутник V“ – во турските фабрики за производство на лекови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија2 часа

Шекеринска: Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја

Имаме историја на која сме горди, но мора да се трудиме да ги решаваме проблемите, истакна денеска министерката за одбрана...

Македонија2 часа

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија2 часа

Ахмети: Верувам во европските вредности на Бугарија и се надевам дека ќе најдеме заедничко решение

Премиерот Зоран Заев ја ризикува својата политичка кариера, само за да го деблокира патот на земјата за интегрирање во Европската...

Македонија3 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија6 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија7 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет8 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет9 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет9 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет9 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт10 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет10 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет10 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија21 час

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија23 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија24 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа24 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион1 ден

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Досие