Свет
Јужноафрканските расисти убиството на нивниот лидер го сметат за објавување војна
Светските агенции пренесуваат дека лидерите на Африканско движење на отпорот (AWB), чиј водач Еуген Теребланш беше убиен денеска, изјавиле дека неговото убиство го сметаат за објавување војна од страна на црниците
Еден од водачите, Андре Висажи ветил дека ќе ја одмазди смртта на Еуген Теребланш објавувајќи дека неговото движење ќе ги предупреди фудбалските репрезентации да го избегнуваат Светското првенство 2010 г., кое треба летово да се одржи во Јужна Африка. Според полицијата, Теребланш бил убиен со студено оружје од двајца негови работника, 21-годишник и 15-годишник на кој им должел плати.Шеесет и девет годишниот Теребланш беше водач на движењето Африканско движење на отпорот (Afrikaner Weerstandsbeweging – AWB), група која кон крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те се залагаше за опстојување на апартхејдот и се закануваше на тогашната влада на белците со вооружено востание доколку го укине.Партијата отворено се залагаше за расизам а се пасивизираше во 1997 г., но Теребланш повторно ја активираше пред две години а најавуваше дека пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе бара право белците во Јужна Африка да можат да основаат своја држава. Во моментот на нападот на фармата која се наоѓала стотина километри северозападно од главниот град Јоханезбург, Теребланш бил сам. Јужноафриканскиот претседател Јакоб Зума го осудил убиството и го повика населението а воздржување од расни немири.Следбениците на Теребланш во недела го обвинија за поттикнување расна нетрпеливост и ширење на говорот на омразата лидерот на Африканскиот национален конгрес (ANC) Џулиус Малема. Тој минатиот месец на еден собир ја испеал песната од времето на апартхејдот во која се повикува на убивање на белите фармери, односно Бурите. Бур е име за бел фармер на африкански јазикот со кој се користат потомците на холандските доселеници. Малема ги отфрла овие обвиненија велејќи дека тоа било потсетување на поранешните времиња.Меѓутоа, сепак тоа ги загрижи малцинските групи, особено белите фармери од кои повеже од три илјади се убиени откако е укинат апартхејдот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.