Свет
Мисијата во Авганистан е – „војна“
Германскиот министер за одбрана употреби нов речник за дефинирање на мисијата на Германија во Авганистан
Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи се закани со вето врз планираната офанзива на НАТО во регионот Кандахар, ако идната операција не ја добие поддршката од локалното население. Карзаи можната блокада ја најави вчера вечер пред околу 1.500 старешини на племиња.Претседателот на Авганистан на средбата го придружуваше командантот на НАТО за Авганистан, американскиот генерал Стенли Меккристал, но тој не даде никаква изјава за најавите на Карзаи.Американскиот генерал мајор Вилијам Мејвил се обиде да го намали значењето на зборовите на претседателот, велејќи дека Карзаи ги поддржува намерите и се обидува да добие поддршка од населението, смета тој.Во меѓувреме телата на германските војници, на ворзаст меѓу 25 и 35 години, кои минатиот петок ги загубија животите во борбите со Талибанците, беа пренесени во Германија, откако во базата во Кундус им беше оддадена последна чест. Одговорниот командант, бригадниот генерал Франк Леиденберг во својот говор истакна оти сите се надевале дека нема да доживеат таков ден.„Нашата мисија во Авганистан ќе продолжиме да ја извршуваме без нашите другари. Нивната смрт не смее да биде залудна. Ќе се бориме понатаму и ќе победиме.“Министерот за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг во меѓувреме ги отфрли барањата за повлекување на трупите. Должни сме им на повредените и загинатите војници, вели министерот:„Остануваме во Авганистан, затоа што спроведовме промена на стратегијата, промена на стратегијата која е во тек“.Со оглед на ескалацијата на насилството, Гутенберг се дистанцираше од поранешниот термин, според кој ангажманот во Авганистан беше означен како операција за стабилизирање на земјата, и, зборувајќи за оваа земја, го користи зборот „војна“.„Поради реалноста во регионот, човек може да го употреби овој термин“, изјави Гутенберг на прес конференцијата во Бон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.