Свет
Шест загинати во експлозија во рудник во САД
Шетс рудари загинале а најмалку 21 се водата за исчезнати по експлозијата која во понеделник се случила во подземниот рудник за јаглен Upper Big Branch, во сојузната држава Западна Вирџинија
Телевизиската мрежа CBS News во нејзините вести објави дека под земја се наоѓаат се’ уште неутврден број рудари.Директорот за рударсво на Западна Вирџинија, Рон Вутен, изјавил дека експлозијата се случила околу 15 часот по локално време во рудникот на компанијата Мassey Energy, Апер Биг Бренч, во огругот Рејли Канти, околу 50 километри јужно од градот Чарслтон.Компанијата Performance Coal Co. Која го води рудникот како филијала на Мassey Energy, не ги соопштува податоците за штетите.Екипите за спасување на Државното биро за безбедност на рудниците пристигнале на местото на несреќата, соопштила портпаролката на бирото, Џејма Џарет.Американските медиуми потсетуваат дека последните години десет години во истиот рудник се забележани најмалку три жртви во несреќи при работењето. Рудникот Апер Биг Бренч минатата година произведе 1,2 милион тони јаглен.Сојузната американска држава Западна Вирџинија е втора по Вајоминг според производство на јаглен во САД, со 38 тони јагледн во 2009 г. Псоледната рударска несреќа во оваа држава се случила во 2006 г. која 12 рудари загинаа во експлозија на метан во рудникот Даго Мајн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.