Свет
25 загинати во експлозијата во рудникот во САД
Локалните власти соопштија дека во несреќата во рудникот за јаглен Апер Биг Бренч загинале 25 рудари а десет се заробени на стотина метри под површината
Стриклин рекол дека одговорните лица се надеваат дека рударите кои ја преживеале експлозијата успеале да дојдат затворените комори во кои има доволно храна, вода и кислород, со кои можат да преживеат неколку денови.Причината за експлозијата се’ уште не е позната, нос е претпоставува дека станува дека станува збор за метан бидејќи се работи за јагленокоп во кој и претходно имало помали несреќи предизвикани со неправилна вентилација на метан, соопштиле службени лица .Спасувачките екипи пронашле докази дека рударите користеле резерви кислород од коморите во рудникот, изјавил Стриклин.Семејствата на рударите биле згрижени во управната зграда на компанијата каде на новинарските екипи им е забранет влезот, пренесе MSNBC.Последните години Massey Energy, била казнета со 382 илјади долари казни за кршење на прописите за вентилација на рудниците како и за натрупување запалива јагленска прашина и неадекватна противпожарна опрема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.