Контакт

Свет

Тајланд воведе вонредна состојба

Објавено пред

„Црвените кошули“ за кратко го окупираа тајландскиот парлмент во средата, со цел да го зголемат притисокот врз владата да закаже предвремени избори, по што владата воведе вонредна состојба во престолнината Бангкок

dobivaj vesti na viber

Тајланд прогласи вонредна состојба во престонината Бангкок во средата, откако демонстрантите провалија во кругот на зградата на владата, присилувајѓи ги министрите да бегаат со хеликоптер, вклучувајќи го и премиерот Абхисит Вејџаџива,јави агенцијата Ројтерс.„Црвените кошули“ како што ги нарекуваат демонстрантите кои го поддржуваат протераниот поранешниот премиер Таксин Шинаватра, на одлуката за воведување воена состојба реагираа со повик до поддржувачите од руралните области на земјата да дојдат во престолнината во што е можно поголем број. „Ќе објавиме војна. Нема повеќе преговори“, изјави лидерот на демонстрантите, Арисман Понгруангронг. Вонредната состојба предвидува забрана за јавни собири од повеќе од пет луѓе и и дава широки овластувања на армијата, која го поддржува актуелниот премиер. Според владата, одлуката за воведување на вонредната состојба била со цел да се врати нормалниот начин на живот и да се зачува светоста на законот. Претходно, стотици демонстранти кои ја поддржуваат тајландската опозиција, таканаречени „Црвени кошули“ во средта се пробија низ слабииот кордон полицајци и навлегоа во кругот на тајландскиот парламент, но по 20 минути се повлекоа и се групираа пред зградата на парламентот. Внатре во зградата министрите имаа состанок на владата, но успеаја да си замминат пред да навлезат демонстрантите. „Црвените кошули“, кои го поддржуваат сменетиот премиер Таксин Шинаватрa, немаат намера да се откажат од притисокот врз актуелниот премиер Абхисит Веjџаџива и неговата влада, поддржана од тајландската армија и кралското семејство и ќе продолжат со деммонстрацииите, кои траат веќе четири недели, се додека не бидат закажани предвремени избори. Десеттици илјади „Црвени кошули“ од саботата ја држат окупирана крстосницата Рачапрасонг, која е главна трговска област во престолнината Бангкок и е полна со продавници и луксузни хотели, кои од саботата не работат. „од денеска, ќеги фокусираме нашите акции кон сите луѓе, места и деловни објекти кои се поврзани со Абисит“, изјави лидерот на демонстрацииите Натавут Саикуа и додаде дека протестите „ќе ги кренат на повисоко ниво“.Од своја страна, владата го прошири Актот за внатрешна безбедност и сега армијата има законска основа да воспостави ред, но на улиците нема знаци дека се подготвува некаква акција од нивна страна. Армијата, која е главен баланс на моќта во оваа земја, одбива да употреби сила за да ги растера демонстрантите. началникот на генералштабот Анупонг Паоџинда изјави дека нема оправдување за употреба на сила и покрај притисокот од страна на премиерот Абисит со сила да се врати редот и мирот.„Не смееме да употребиме сила затоа што тоа ќе предизивика жртви. Сепак и демонстрантите се Тајланжани“ изјави Паоџинда. Ова се најжестоки демонстрации на опозицијата откако во 2006 г. армијата со воен удар го смени двапати избраниот Таксин поради наводна корпуција и непотизам. Опозицијата има поддршка од руралните, иромашните и пониските слоеви на населението, додека актуеланата власт главно ја претставува урбаната елите.И овој викенд во Бангкок беа распоредени 50 илјади војници и полицајци, во очекување на демонстрантите кои ќе пристигнуваат од внатрешноста на земјата.Рокот кој му е даден на премиерот Вејџаџива да распише парламентарни избори е 12-ти април.Демонстрантите бараат од премиерот Абхист Вејџаџива да го распушти парламентот, сметајќи дека партиите кои го поддржуваат поранешниот премиет Таксин Шинаватра ќе победат на новите избори и ќе придонесат за поголема демократизација на  земјата.Tаксин Шинаватра, кој пред извесно време престојуваше во Црна Гора чиј пасош поседува, постојано престојува во Дубаи каде е во доброволен егзил сакајќи да ја избегне затворската казна откако беше осуден за злоупотреба на функцијата и за проневера. Тој беше соборен со државен удар во 2006 г. и од тогаш е во бегство. Во отсуство е осуден на две години затвор, а по него од тајландските власти е распишана потерница на Интерпол.Бидејќи ниедна од од целите досега не им успеа, демонстрантите досега го привлекуваа вниманието на медиумите со акции како што се пролевање крв врз зградите на влезот од главниот град, врз седиштето на владејачката партија и куќата на премиерот. Сите протести досега беа мирни, затоа што нивните организаторите сметаат дека насилството ќе биде контрапродуктивно.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.

dobivaj vesti na viber

„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.

Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.

„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.

„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.

dobivaj vesti na viber

„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.

Израел го нападна иранскиот Исфахан

Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.

Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки

Објавено пред

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.

dobivaj vesti na viber

Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.

„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.

Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија3 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија3 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија3 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија8 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија8 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија9 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија12 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија13 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет14 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет14 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија15 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија15 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет15 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет15 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет15 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...