Свет
Во САД уапсен катарски дипломат по узбуна за бомба во авион
Воздухопловните маршали на САД во четвртокот го уапсија катарскиот дипломат Мохамед ал-Модади на локален лет до градот Денвер, откако бил крената узбуна за бомба во авионот, предизвикана од шегата на дипломатот дека „ќе си ги запали чевлите“, јави агенцијата Reuters
Безбедносните служби во првичното соопштение јавија дека маршалите уапсиле државјанин на Катар, кој очигледно сакал да „ги запали своите и чевлите на патниците“. Но, BBC јави дека 27-годишниот ал-Модади, кој има целосен дипломатски имунитет како трет секретар на амбасадата во Вашингтон, претходно пушел цигара и ја изгасил со чевлата, по што отпушокот му се залепил за неа и тој едноставно се пошегувал, велејќи дека „сака да си ја запали чевлата“. По оваа изјава, пилотот прогласил узбуна и два авиона-ловци „ф-16“, под овластување на NORAD (Северноамериканска команда за безбедност на воздушниот простор), биле испратени да го пресретнат авионот. Авионот слетал безбедно на аеродромот во Денвер, а претрагата на авионот и на патникот, во која биле вклучени и кучиња-душкачи, не пронашла никакви траги на експлозив.Виски функционери на Транспортната безбеднносна администтрација (TSA) признаа дека е можно да се работи за „недоразбирање“ и додадоа дека дипломатот е во притвор и под постојан надзор. Инцидентот се случи на една недела откако САД ги открија новите безбедносни мерки, според кои сите патници кои патуваат кон и во САД се изложени на мониторинг, кој овозможува моментално разузнување за потенцијалните закани. Со ова е заменета претходната одредба, со која на ваков мониторинг беа изложени само луѓето од црната листа на 14 претежно муслимански земји
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украински генерал: Обновивме делови од Покровско
Украина, според сопствените тврдења, обнови делови од градот Покровско. Според врховниот командант Олександр Сирски, украинските трупи сè уште се борат против масовни руски напади.
Одбраната на Покровско продолжува – рече Сирски.
Од средината на ноември, украинските трупи вратија околу 13 од вкупно 29 квадратни километри од градот. Според Киев Индепендент, украинските сили наводно дополнително го зајакнуваат своето присуство во регионот.
Сирски потврди дека украинските единици морале да се повлечат од позиција од пет до седум километри надвор од Покровско, каде што руските трупи почнале силно да напредуваат. Одбраната на тие позиции повеќе не била ефикасна, рече тој. Во последните денови и недели, беше објавено дека градот е „претежно“ опкружен со руски трупи, кои наводно контролираат 95 проценти од градот.
Во исто време, Сирски тврди дека соседниот град Мирноград не е опколен од руските сили, иако логистичкото снабдување е сè потешко. Сепак, функционер на НАТО процени поинаку, според извештајот на „Украинска правда“, во кој се тврди дека градот е опколен од руски војници.
Фото: депозитфотос
Свет
Лавров: Трамп е единствениот западен лидер кој ја разбира Русија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Доналд Трамп е „единствениот западен лидер“ кој ја разбира позицијата на Русија во врска со Украина.
Според државната агенција ТАСС, тој го пофали Доналд Трамп како „единствениот западен лидер“ кој покажува разбирање за позицијата на Москва во врска со Украина, пренесува „Скај њуз“.
Лавров се осврна и на Обединетото Кралство и на Европската Унија, велејќи дека двете страни се во „безнадежно политичко слепило“ и се залажуваат со илузијата дека можат да ја надминат Русија.
ТАСС, исто така, објави дека Лавров рекол дека Москва нема намера да војува со Европа.
Наместо тоа, Русија останува подготвена да одговори доколку во Украина бидат распоредени војници.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Објавена снимка од апсењето на Луиџи Манџионе во „Мекдоналдс“
На суд беше прикажана снимка од полициска камера која ги покажа моментите непосредно пред апсењето на Луиџи Манџионе, која наместо да биде клучен доказ, би можела сериозно да му наштети на случајот на обвинителството. Снимката од „Мекдоналдс“ во Пенсилванија стана фокус на правна битка што би можела да го одреди исходот од целото судење, објавува „Телеграф“.
Иако се очекуваше видеото да го поддржи случајот на обвинителството, одбраната сега го користи за да ја доведе во прашање легалноста на дејствијата на полицијата. Деталите снимени на видеото, велат адвокатите на Манџионе, ја зголемуваат можноста дека клучните докази против нивниот клиент се добиени нелегално.
Судот сега мора да одлучи за правната тежина и прифатливоста на самата снимка. Одлуката ќе биде клучна не само за судбината на Луиџи Манџионе, туку и за понатамошниот тек на едно од најгледаните судења во Соединетите Американски Држави.
Неговите адвокати тврдат дека полицијата не му ги прочитала правилно неговите уставни права пред да го уапси и дека ги претресла неговите работи без налог.
Манџионе е обвинет за убиството на Брајан Томпсон, извршен директор на „Јунајтед Хелткеар“, во Њујорк. Тој се изјасни за невин по федералните и државните обвиненија за убиство.
фото: Depositphotos

