Свет
Италијанци обвинет за планирање атентати во Авганистан
Авганистанските власти уапсиле тројца Италијанци од една хуманитарна организација под сомневање дека планирале атентат врз гувернерот на авганистанската провинција Хелманд, соопштил самиот гувернер
Кaко што пренесува Reuters, станува збор за членови на хуманитарната организација Имрџенси која има седиште во Милано, која го потврдила апсењето но и дека не ги знае причините за тоа.Гувернерот на провинцијата Хелманд, Гулаб Мангал, на прес-конференција изјавил дека тројца Италијанци кој работеле во болницата која ја води хуманитарната организација, биле уапсени со уште шестмина Авганистанци под истите сомневања. Болницата е сместена во Лашкар Гах, гавниот град на провинцијата во која американските и британските сили од февруари спроведоа голема офанзива против таибаните кои доминираа во ова подрачје.„Појси со експлозив, рачни бомби и оружје биле венсени во болницата со помош на странки персонал и нивни колеги за да изведат напади во Лашкар Гах. Цел на атентатот бил гувернерот“, изјавил пред новинарите самиот Мангал.„Според планот, странскиот персонал од организацијата Имрџенси прими 500 илјади долари како дел од парите за моето убиство“, додал гувернерот.Неговиот портпарол, Давуд Ахмади изјавил дека во болницата биле пронајдени два пиштола, девет бомби и два појаси со експлозиви.Потпретседателот на прозваната хуманитарна организација, Алесандро Бертани за Reuters изјавил дека обвиненијата против нивните работници се „готескни“ и дека не ја знаат причината за што се уапсени. Тој прецизирал дека доктор, медицинска сестра и еден работник задолжен за логистика биле одведени од болницата од припадници на НАТО и на авганистанската војска. Италијанското министерство за надворешни работи соопштило дека Италијанците вмешани во овој случај на ниеден начин не биле поврзани со активностите на италијанската влада, пренесе Ansa.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Свет
Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена: Сакаат да го докажат добриот квалитет на водата за Олимписките игри
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.
Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува АП.
„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјави Идалго.
Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.
За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.
Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.
Исто така, беше најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.
Свет
Јужнокореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази откако му го изгребале автомобилот
Маж од Јужна Кореја е осуден на 14 месеци затвор за убиство на 76 мачки во еден од најлошите случаи на суровост кон животните во Јужна Кореја во последните години.
Човекот, кој има 20 години, беше осуден за кршење на јужнокорејскиот закон за благосостојба на животните минатата недела, соопшти Окружниот суд Чангвон во југоисточна Јужна Кореја. Судот не го објави името на човекот.
Човекот убивал мачки од декември 2022 година до септември 2023 година поради омразата кон животното која ја развил откако други мачки му го изгребале автомобилот, се наведува во образложението на пресудата.
Тој фатил мачки скитници и посвоил други од интернет-страниците пред да ги задави некои до смрт, а други да ги убие со ножици, смета судот.
Со автомобил прегазил една мачка.
Судот процени дека затворската казна е неизбежна затоа што тој постојано правел „неописливо сурови“ злосторства со предумисла.
Нагласено е дека изречената казна сепак го одразува фактот дека мажот немал криминално досие и се кае за сторените кривични дела, додавајќи дека е утврдено дека неутврденото психичко здравје на мажот било мотив за делата.
Човекот ја обжали пресудата.
„Овој случај на суровост, исто така, ја истакнува важноста од измена на Граѓанскиот законик за правно признавање на животните како живи суштества и дополнително зајакнување на нивната правна заштита“, рече Борами Сео, директор на јужнокорејската канцеларија на Humane Society International.