Свет
Во Вашингтон започна најголемиот самит за нуклеарно оружје во историјата
Претседателот на САД ќе се обиде на самитот да ја искористи новопокажаната добра волја на Кина и да ги протурка санкцииите кон Иран, додека во Вашингтон пристугнуваат високите претставници на 50 земји
Американскиот претседател Барак Обама во понеделник се сретна со кинескиот претседател Ху Џинтао непосредно пред да го отвори глобалниот самит за нуклеарно вооружување без преседан, на кој ќе присуствуваат претседатели, премиери и други високи функционери од 50 држави. Обама се надева дека на средбата лице в лице со кинескиот колега ќе успее да ја зациментира решеноста на Ху откако Кина, по неколку месеци топло-ладно политика покажа сериозна намера да се врати во разговорите за нови санкции кон Иран поради неговата нуклеарна програма.Двајцата лидери ќе се обидат и да ги поттикнат кинеско-американските односи по периодот на тензии во врска со повеќе прашања. Иран и Северна Кореја не се на агендата на самитот, но ќе доминираат со директните средби на маргините на самитот на домаќинот Обама со повеќе светски лидери. По завршувањето на самитот во вторник, тој ќе има директна средба и со германската канцеларка Ангела Меркел, на истата тема. Самитот во Вашингтон е кулминација на неделата забрзани дипломатски активности на Обама во врска со нуклеарното вооружување и една година откако ја обелодени својата визија за свет без нуклеарно оружје. Минатата недела САД и Русија го потпишаа договорот, еден од најбитните од периодот по Студената војна, со кој двете суперсили се обврзуваат да го намалат својот нуклеарен арсенал за една третина. Поради потпшишувањето на договорт, Обама истрпе силни критики од домашните конзервативци дека неговата стратрегија за контрола на вооружувањето е наивна и може да ја компромитира безбедноста на САД. Овој самит, најголем кој се одржува во САД во последниве 60 години, исто така ќе биде тест и за способноста на Обама да покрене глобална акција врз база на неговата нуклеарна агенда. Тој пред конференцијата покажа голем оптизмизам дека ќе се постигне „енормен прогрес“ кон намалувањето на можноста за незакконско ширење на нуклеарните материјал ширум планетата. „Знаеме дека организации како Ал каеда постојано се обидуваат да дојдатѕ до нуклеарно оружје за масовно уништување, кое нема да се премислуваат да го употребат“, изјави Обама, додавајќи дека тоа е моментално најголемата закана за националната безбедност.Во предлог-завршното коминике светските лидери се обврзуваат да работат заеднички на безбедноста на „ранливите нуклеарни материјали“ во наредните четири години и да презематпорешителни чекори во сузбивањетоо на шверцото со нуклеарни материјали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.