Свет
Привремената власт во Киргистан подготвува акција против Бакиев
Светските агенции ја пренесуваат изјавата на портпретседалеот на преодната киристанска влада дека подготвуваат „специјална операција“ против соборениот претседател
„Подготвуваме посебана операција против Бакиев“, изјавил Алмаз Атамбаев, потпретседател во привремената влада на Роза Отумбаева, пренесува Reuters.Атамбаев притоа додал дека соборениот претседател Курманбек Бакиев кој по безредијата од 7-ми април во кои според последните инфорамции загинаа 81 лице, го напушти главниот град Бишкек и се сокри во јужниот дел од земјата, се штител со жив ѕид.„Тој се сокрива зад човечки штит. Се надеваме дека операцијата ќе можеме да ја спроведеме мез загинати цивили„, Бакиев и претходно предупредуваше дека би се согласил под одредени услови да отсатапи од власта и да ја напушти земјата. А по оваа изјава на Атамбаев тој порачал дека секој обид тој да биде ликвидиран или уапсен ќе заврши со крвопролевање.„Нека се обидат да ме фатат, не се обидат да ме убијат. Мислам дека тоа ѓр доведе до толку големо крвопролевање што никој не ќе може да го оправда.“, како што пренесува AFP, изјавил џза новинарите Бакиев во неговото родно село Теита.Бакиев истакнал дека тој и натаму е легитимен претставник на државатам, а членовите на преодната влада ги нарекува „вистински гангстери“.„Имам причина за сокривање. Како што знаете, власта е преземена со сила. Јас сум претседател и никој нема право ниту овластувања да ме изгони. Ова не е револуција, ова е узурпација на власта“, вели Накиев, повторно повикувајќи ги Обединетите нациои да испратат мировни сили во Киргистан за да го спречат ескалирањето на насилството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“, во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детаљ од овој грозоморен терористички чин во ‘Крокус’ идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во разни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји, рече рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.