Контакт

Свет

Во Вашингтон започна глобалниот самит за нуклеарното оружје

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама во понеделник и вторник ќе биде домаќин на лидерите на 46 земји, на самитот чија цел е создавање на подобар безбедносен систем на нуклеарните оружја, и стари и нови, за да не паднат во рацете на терористите

dobivaj vesti na viber

Собирот во Конгресниот центар „Волтер Е. Вашингтон“ во престолнината на САД се смета за акт без преседан во напорите да се покрене глобална акција за обезедување на нуклеарните материјали. Собирот, исто така, е во центарот на заложбите на Обама да се спречи ширењето на нуклеарните оружја и технологија. Конкретната цел на самитот, пак,  е да се постигне договор за тоа како секоја од земјите-учеснички ќе го контролираат нуклеарното оружје и материјал или на друг начин ќе го спречат нивното ширење. „Во фокусот на овој „нуклеарен“ самит е фактот дека најголемата закана за безбедноста на САД, и краткорочно и долгорочно, е и ќе биде можноста некоја терористичка организација да дојде до нуклеарно оружје“, истакна Обама.„Ова е нешто што може да ја промени безбедностаната мапа во оваа земја и ширум светот во годините кои следуваат. Ако некогаш дојде до ваква експлозија во Њујорк, или во Лондон, или во Јоханесбург, последиците, од економски, политички, или од безбедносен аспект, би биле разурнувачки. Сите ние знаеме дека организациите како Ал каеда постојано се обидуваат да обезбедат нукеарно оружје или други оружја за масовно уништување и нема воопшто да се премислуваат да ги употребат“, додаде тој.Особена загриженост за светските лидери предизвикуваат постарите нуклеарни оружја и материјали, кои не се чуваат како што треба, особено во Русија и другите држави на поранешниот Советски сојуз.„За жал. имаме ситуација во која постои голема количина на необезбеден нуклеарен материјал ширум светот. Затоа целта на самитот е меѓународната заениоца да тргне по патот на воспоставување на точни временски рамки и планови, со кои овој материјал ќе биде ставен под клуч“, рече Обама.  Покрај големиот број држави кои учествуваат, на светскиот собир во Вашингтон свои засебни претставници имаат и Обеднитетите нации, Европската унија и Меѓунардоната агенција за атомска енергија. Обама на маргините на самитот ќе одржи серија засебни средби со некои од лидерите кои се присутни. Во неделата Обама имаше средби со индијскиот преммиер Манмохан Синг, по што следеа средбите со претседателите на Казахстан, Нурсултан Назарбајев и на Јужноафриканската република, Јакоб Зума, со премиерот на Пакистан, Јусуф Раза Гилани и в.д.престедателот на Нигерија, Гудлак Џонатан. Во понеделник претседателот Обама имаше средба и со кинескиот претседател Ху Џинтао, која следи по подолг период на затегнати односи помеѓу двете држави поради повеќе спорни прашања, а кој беше прекинат со согласувањето на Кина да учествува на саммитот и да ја земе предвид поддшката за евентуалнте санкции против Иран. Претседателот на САД вакви средби треба да одржи и со другите лидери од петте членки на Советот за безбедност на ОН, кои учествуваат во групата која одлучува за евентуалните нови санкции кон Иран,во која учествува и Германија. Средбата со германската канцеларка Ангела Меркел претседателот Обама ќе ја одржи во вторник, по завршувањето на самитот.

Белата куќа исто така објави дека лидерот на САД ќе има средба и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Оваа средба се случува на само една недела откако Турција одлучи да го врати својот амбасадор во Вашингтон, по спорот меѓу двете држави заради иницијативата на американскиот конгрес да го прогласи масакрот врз Ерменците во Турција во Првата светска војна за геницид. Турција се надева дека САД ќе можат да помогнат при обновувањето на сопрениот процес на помирување со Ерменија. Обама во понеделник ќе се сретне и со ерменскиот претседател Серж Саркисијан. Но, некои од клучните светски лидери нема да присуствуваат на самитот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во момент кога односите меѓу неговата земја и САД се најзатегнати во историјата на Израел поради изградбата на еврејкси населби во источен Ерусалим, го откажа доаѓањето поради наводен страв дека муслиманските земји ќе го покренеле прашањето за недекларираното израелско нуклеарно оружје.И премиерите на Британија и на Австралија нема да учествуваат на самитот. Истовремено, нуклеарната стратегија на Обама трпи жестоки критика на домашна политичка сцена. Републиканците ја напаѓаат како премногу слаба за да може да се соочи со заканите и пркосот на Иран и на Северна Кореја. „Иако договорот со Русија е во вистински правец, а самиот самит донесе импресивна група на лидери во Вашингтон, за мене е проблематична самата нуклеарна стратегија на претседателот. Сакам да кажам дека таа ја одзема повеќезначноста во врска со употребата на нуклеарното оржје од страна на САД, а повеќезначноста е многу корисна во надворешната политика“, смета републиканскиот сенатор Ламар Александер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.

dobivaj vesti na viber

„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.

Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.

„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.

„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.

dobivaj vesti na viber

„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.

Израел го нападна иранскиот Исфахан

Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.

Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки

Објавено пред

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.

dobivaj vesti na viber

Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.

„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.

Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија2 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија2 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија2 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија7 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија8 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија8 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија11 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија13 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет13 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет14 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија14 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија14 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет14 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет15 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет15 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...