Свет
Земјотресот во Кина затрупа 100 деца во училиште а 589 лица се загинати
Повеќе од сто ученици се’ уште се под урнатините на училиште во земјотресот во областа Јуишу во Чингаи, а смртта на 56 од нив веќе е потврдени, пренсува порталот Sintszinbao, кој се повикува на инфромации од заменик на началникот за образование во округот
Според последните информации на кинеската државна телевизија од под урнатините биле извлечени повеќе од 900 лица. Бројката загинати досега е 589 лица, а повеќе од десет илјади се повредени, гласата поседните официјални податоци.Кинеската влада на погодената провинција и одобрила помош од 21,5 милиони евра.Земјотресот со магнитуда од 7,1 степени по Рихтер во среда наутро ја погоди провинцијата Чингаи во 7,49 часот по локално време (4,49 по средноевропско), во кој загинаа најмалку 400 лица. Епицентарот на земјотресот беше во граничната област на Тибетскот Плато меѓу Тибет и Сечуан во округот Јуиши на длабочина од 33 километри. Според првичните извештаи, покрај најмалку 400-те загинати, уште околу десет илјади се повредени, но светските агенции напоменуваат дека овие извештаи не се ажурирани повеќе од осум часа.„Околу 22 часот (по локално време) беше потврдено дека 56 ученици загинале, но многу се мали шансите да ги пронајдеме живи и другите четириесетина“, изјавил локален функционер, Сјао Јуипин. Според него, во уривањето на училиштето загинале и петмина наставници. Тој додава дека во регионот се уништени повеќе од половината училишни згради, а најмногу настрадало ова стручно училиште. Според податоците на државната кинеска агенција Ксинхуа, повеќе од 90 отсто од живеалиштата се срамнети со земјата, а децата се испратени да ја минат студената ноќ во една оштетена градинка. Веќе се потрошени и последните залихи од вода и храна, додава агенцијата.Според податоците на кинеската влада, во округот Јуишу, вклучувајќи го и административниот центар Цегу и осум села, има околу 70 илјади жители. Судбината на децата во змејотресот го привлекува многу вниманието ан кинеската јавност, затоа што при земјотресот со магнитуда од 8.0 степени по Рихтер што ја погоди провинцијата Сечуан во мај 2008 г. изби коруптивна афера во која се откри дека училишните згради не биле градени според стандардите и прописите. Според официјалните податоци, во земјотресот од пред две години, загинаа вкупно 87 илјади луѓе од кои 5.300 деца кои биле во образовните.Според информациите на локалните власти што ги пренесува Ксинхуа, под урнатините има уште многу луѓе. Дописниците јавуваaт дека се уништени и патиштата кои водат до аеродромите во провинцијата шшто ќе го отежне и допремувањето на помошта. Освен непристапностa, дополнителен проблем претставуваат и уривањето на комуникацискиот ситем, силни ветрови и ниската температура. Од утрово се забележани повеќе од дваесетина помали земјотреси кои следувале по главниот.Локалните медиуми јавуваат дека серијата потреси на Тибетското Плато започнала уште во вторникот навечер од што многу настрадале нискоградбите изградени од тули, со дебели ѕидови. Во погодените области биле распоредени војници. Овој регион е сеизмички активен велат стручњаците, но досега бројката на жртвите обично се минимални, со самото тоа што тој е слабо населен.Кинеските власти страхуваат дека многу жители од оваа оддалечена област би можеле да останат без покрив над главата на многу ниските температури кои во овој период од годината кои се движат и под нулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.