Свет
Маринците им плаќаат на авганистанските фармери да го уништат афионот
Со намалувањето на интензитетот на борбите во поранешното талибанско упориште Марџа, аммериканските маринци сега се вртат кон елиминирање на главниот извор на приходи на бунтоовниците, опиумот, јавува агенцијата Reuters
Но, наместо самите да ги уништуваат тајните полиња со афион, маринците развиваат нова тактика: им плаќаат на селаните тие да си ги уништат сопствените посеви. Марџа со години беше едно од најголемите упоришта на талибанците, каде што имаа речиси целосна власт. Во фебруари, трупите на НАТО извршија офанзива и ги протераа бунтовничките сили. Она што ја праву Марџа толку важна е нејзината стратешка локалција. Сместена во непосредна близина на престолнината Кабул, Марџа е опколена со плодно обработливо земјиште, испресечено со канали кои ги наводнуваат посевиите со афион. Поради тоа, Марџа долго време беше средиште на наркобизнисот во провинцијата Хелманд, каде што се наоѓа. Минатата година, Авганистан произведе 90 процети од вкупната количина на опиум во светот, супстанца од која потоа се произведува дрогата хероин. Најмалку 60 проценти од оваа количина беше произведена во провинцијата Хелманд. Сега, на само неколку недели пред почетокот на жетвата, кога се очекува прилив од најмалку 60.000 сезонски работници кои ќе работат на полињата, маринците во Марџа започнуваат со нова шема, според која фармерите самите би си ги уништувале посевите, а за тоа би добиле пари и материјал за алтернативно производство. „Ова е целосно доброволна програма и тоа е најважниот аспект во целата работа. Ние нема ниту да им го допреме афионот, а ако се одлучат да го уништат,ќе добијат по 300 долари за еден хектар“, вели мајор Џим Кофман, офицер за цивилни врски, кој го надгледува проектот. Според шемата, која започна да се спроведува пред една недела, фармерите треба да дојдат до една од испоставите на маринците, каде што им се остава една недела да ги преораат нивите. По проверката, маринците им ги исплаќаат парите и им даваат ѓубриво и семенски материјал за садење на алтернативни земјоделски култури.„Засега, реакцијата на селаните е добра. Само во нашата испостава до сега се пријавенни преку една илјада џариби (традиционална авганистаннска мерка, еднаква на една петтина од хектар)“, вели Кофман. Проектот веднаш привлече силни критики, кои велат дека процесот се сведува на купување на дрога со парите на американските даночни обврзници, со што не се согласува мајорот Кофман. „Американската влада никогаш не плаќала и нема да плаќа за дрога. Ова е земјоделска транзициска програма. Ние не плаќаме за производот, туку за земјата. Ако селаните имаат засадено жито, или памук, или што и да е и ако решат да го уништат тоа, ќе добијат и пари и ѓубриво и семиња“, вели Кофман. Тој додаде дека шемата ќе важи само за годинава и дека на фармерите догодина нема да им биде дозволено да садат афион, но одби да каже што ќе се случи ако фармерите, сепак, се вратат кон незаконскиот посев. Маринците признаваат дека парите кои им ги даваат на селаните се многу помалку од она што би го добиле за афионот, но имајќи предвид дека на војниците им е дозволено да го заппленуваат афионот штом селаните ќе го ожнеат, некои селани на овој начин ќе си ги намалат загубите.„Ова е многу добра програма, сигурен сум дека ќе успее“, вели Галабудин Кан, локален фармер. Другите фармери кои чекаа да се пријават за шемата се криеја од новинарите, знак за се уште силното влијание на талибанците во областа. На еден пекар во Марџа неодамна му беше исечена главата затоа што им продалл леб на авганистанските војници. Иако одѕивот на почетокот на шемата е многу скромен, мајорот Кофман и натаму е оптиммист.„Целото ова општество е базирано на кажан збор и затоа ви гарантирам дека штом првата група ги расчисти своите полиња и ги добие парите, ѓубривата и семињата и другите селани ќе навалат да се приклучат“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.