Свет
Војската во Тајланд пукала со вистински куршуми?
Еден војник е застрелан во главата за време на денешните протести во главниот град на Тајланд, Бангкок, јавја светските агенции, а БиБиСи пренесува, дека можно е да е убиен од полициски куршум
Најмалку уште 18 луѓе се повредени во денешните судири меѓу војската и „црвенокошулашите“. Војската употребила гумени куршуми за да ги врати назад разбеснетите демонстранти, кои извикувале дека ќе поминат низ полициските барикади, поставени околу нивниот логор од бамбус и гуми. Новинари на Асошиејтед прес, сведочат дека војската користела гумени куршуми и солзавец за растерување на демонстрантите, но не е исклучена можноста да се употребени и вистински куршуми. „Токлав хаос е овде, што реално не можат да се пребројат повредените, а не пак да се тври дека војската користела вистински куршуми или не“, вели портпаролот на војската. Инаку, војниците имаат наредба при судири да користи гумени куршуми, а вистински може да се користат само во екстремни ситуации, кога е загрозен животот на полицаецот, во самоодбрана. Ситуацијата денеска, по сесум недели од почетокот на протестите се заостри кога антивладините демонстранти тргнаа на одбранбените сили со од нив направено оружје. Од почетокот на демонстрациите убиени се 27 уѓе, а повеќе од илјада се повредени. „Црвенокошулашите“ бараат распуштање на власта и нови избори за легитимна власт. Тие го поддржуваат поранешниот премиер Таксин Шинаватра, за кој се верува дека е во Црна Гора откако беше осуден за корупција. На негово место дојде Абхисит Веџаџива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бран насилство на Хаити, илјадници мртви, премиерот поднесе оставка
Премиерот на Хаити Ариел Хенри официјално поднесе оставка од сегашната функција, соопшти денеска неговиот кабинет, а во меѓувреме земјата ќе ја води преоден совет кој се обидува да го врати мирот во земјата среде пустошот предизвикан од широкото насилство на бројни банди.
Министерот за финансии Патрик Бојсверт привремено ќе ја извршува функцијата премиер, објавено е во официјалниот национален весник.
Во писмото од средата, кое беше објавено денеска на социјалните мрежи, Хенри напиша дека неговата администрација „и служела на нацијата во тешки времиња“.
Владата во заминување на Хаити го официјализираше процесот на транзиција пред две недели, еден месец откако Хенри ја објави својата оставка додека беше надвор од земјата, бидејќи вооружените банди се заканија дека ќе го заземат главниот град.
Насилството од бројни банди, кое со години се влошуваше, ескалира на почетокот на оваа година.
Според неодамнешните податоци на Канцеларијата на Обединетите нации на Хаити (БИНУХ) од јануари до март оваа година загинале или се ранети повеќе од 2.500 луѓе, што е за 53 отсто повеќе отколку во последните три месеци од 2023 година.
Регион
Додик не го признава геноцидот во Сребреница: „Ќе однесеме цвеќе, ако не навредува никого“
Во четвртокот, лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи дискусија пред Обединетите нации и се очекува гласање за Резолуција за осуда на геноцидот во тој град во летото 1995 година.
Резолуцијата е поддржана од дваесет земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница.
Водечките српски претставници од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна“, рече Додик.
Сепак, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.
„Ако ни се укаже можност, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ, кој дојде да им оддаде почит на жртвите, изрази сочувство, а доби камен во главата и никој не одговараше за тоа“, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница сепак нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Свет
Принцот Вилијам проговори за Кејт Мидлтон: „Жал ми е што не е тука со нас“
При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.
Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.
Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.
„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.
Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.
По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.