Свет
Белгија гласа за забрана на бурките
Долниот дом на белгискиот Парламент изгласа закон со кој се забранува жените да носат бурка во јавност, со која според исламот, се покрива целото лице. Тие кои ќе го прекршат законот ќе се соочат со казна или со седумдневен затвор
Законот забранува носење облека која го крие идентитетот на личноста на места како паркови или на улица. Никој не гласаше против, пренесува Би-Би-Си.Ако законот помине, тој ќе биде прв таков закон во Европа.
Само триесетина жени во Белгија носат таков вел, иако популацијата на муслиманско население брои половина милион.
Од Бриесел велат дека занконот е со цел да се помогне на полицијата да ги идентификува луѓето, како и да се зголеми сигурноста.
На вчерашното гласање законот беше поддржано од 134 парламентарци, а само двајца беа воздржани.
Се очекува лесно да помине низ Сенатот, без некои опструкции, што според извештаите кои пристигнуваат значи дека законоо би стапил на сила во јуни или во јули, годинава.
Но, либералите и демохристијаните, кои имаат членови во Сенатот, велат дека ќе се разгледува текстот на законот, што може да доведе до одлагање на датумот на стапување во сила.
Ако се распишат и избори, ќе треба да се почека за законот, затоа што парламентот ќе биде распуштен.
Белгиската влада падна минатата недела.
Муслиманските претставници во Белгија го критикуваа потегот, велејќи дека жените кои носат бурка ќе бидат затобени дома.
Од Амнести интернешнал велат дека доколку законот се донесе во Бегија ќе биде „опасен преседан“.
Во изјавата на групите за човекови права се вели дека законот „ ги нарушува правата на слобода на изразување о религија на оние жени кои носат бурка или накаб како израз на нивниот идентитет и убедувања.“
Законот ќе важи и за движење на жените во бурка во сите јавни установи или површини, паркови, улици, спортски објекти.
Исклучок може да биде појавување во бурка на одредени тематски фестивали.
За оние кои ќе го прекршат законот следува казна од 15-25 евра или седумдневен затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак
Проиранската милиција ПМФ (Сили за народна мобилизација) објави дека во текот на ноќта се случила голема експлозија во нивната воена база Калсо на околу 50 километри јужно од Багдад, Ирак, а два безбедносни извори тврдат дека станува збор за воздушен напад, пренесува Ројтерс.
Еден војник на ПМФ е убиен, а шестмина се ранети, соопштија два извори од болницата во блискиот град Хила.
Од експлозијата е причинета материјална штета, а има и повредени“, се вели во соопштението на ПМФ и се додава дека истрагата е во тек.
Два безбедносни извори изјавија дека се уште не знаат кој е одговорен за воздушниот напад. Американски официјален претставник изјави дека немало американска воена активност во Ирак.
Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.
Фракциите во рамките на ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак среде кампањата на Израел во Газа, но ги прекинаа нападите од почетокот на февруари.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.