Свет
Евакуација во Њујорк заради бомба
Њујоршки Тајм сквер бил евакуиран во саботата доцна навечер откако во теренско возило биле најдени експлозив, бензин, пропан и прегорени жици, јави Reuters
Агенцијата се повикува на изјава од анонимен пожарникар, кој рекол дека бил забележан човек како бега од возилото.Според истиот извор, полицијата превентивно евакуирала неколку блокови околу познатото место кое го посетуваат туристите на Менхетен, во случај да има и оставени други вакви возила.Плоштадот бил евакуиран нешто по 20 часот, а на местото биле довезени многу болнички возила. Портпаролот на њујоршката полиција Пол Браун изјавил дека од возилото излегувало чад, потврдувајќи дека полицијата има информација дека едно лице истрчало од возилото. По брза интервенција на пиротехничарите, малиот поќар бил изгаснат.На новинарите на Reuteres очевидци им рекле дека по 21 часот од правецот на аголот на 45-та улица и Седмата авенија каде било паркирано возилото, се слушнала мала експлозија. И сведоци на локалната телевизиска станица WABC-TV тврделе дека слуѓнале експлозија и пото виделе чад како излегува од возилото. Според телевизијата ABC News, нејзините извори рекле дека во возилото се наоѓале бензин и пропан, а можеби и барут, кои не се експлозивни смеси, но можат да бидат смртоносни.Инцидентот според њујоршката полиција бил пријавен во 18.35 часот по локално време, кога полицијата реагирала на пожар во возило кое било сомнително. Според ABC News, станува збор за возило Nissan Pathfinder, со регистерски ознаки на сојузната држава Конектикат, но телевизијата наведува дека се’ уште не може да се објави со сигурност пиротехничарската истрага, но дека е потврдено дека во возилото имало запаллива направа.CNN, пак, објави дека во возилото имало повеќе канистери со бензин и плински боци.Тајм сквер е се’ уште затворен, додека полицијата спроведува опсежна истрага, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Свет
„Њујорк тајмс“: Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад
Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад во градското собрание Крокус поради страв да не ги откријат нивните извори, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на претставници на европската и американската безбедност, пренесува „РИА новости“.
„Непријателските односи меѓу Москва и Вашингтон ги спречија американските официјални лица да споделат повеќе информации за терористичкиот заговор поради страв дека руските власти би можеле да дознаат за нивните разузнавачки извори или методи“, се вели во написот.
Како што изјави директорот на ФСБ, Александар Бортников, Вашингтон на почетокот на март пренел информации за подготовка на терористички напад во Русија, но тој бил од општа природа. Тој истакна дека таквите податоци од САД не се секогаш конкретни.