Свет
Иран и САД го пренесоа нуклеарниот спор во ОН
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во понеделник го промовира прашањето за нуклеарната програма на Иран во Њујорк, пренесува Reuters
Ахмадинеџад е единствен лидер на нација кој ќе учествува на конференцијата, која трае од понеделник, 3 мај, до 28 мај. Се очекува тој да се обиде меѓународната конференција за неширење на нуклеарното оружје на Обединетите нации да ја претвори во платформа за својата пресметка со западните велесили кои бараат санкции против Техеран.
Според проценката на познавачите, целата дискусија и внимание на конференцијата да се врти околу него и американската државна секретарка Хилари Родам Клинтон, која ќе се обиде и овој настан да го искористи за да излобира поддршка за американските напори за воводување на санкции против Иран. за да се воведат санкциите против Иран, одлуката мора да биде ратификувана од Советот за безбедност на ОН, каде што засега ја блокираат Кина и Русија. И покрај начелната поддршка за санкциите, овие две земји бараат тие бидат насочени само кон одговорните, а не кон целиот ирански народ. Пред настапот во Обединетите нации, Ахмадинеџад јасно стави на знаење дека жестоко ќе им се спротивстави на напорите да се постигне консензус за воведување на санкциите.„Под изговор дека го спречуваат ширењето на нуклеарното оружје, западните сили предводени од Америка вршат силен притисок врз независните држави. Атомската бомба се претвори во алатка за присила, доминација и експанзионизам“, изјави иранскиот претседател и ги повика големите сили да го забрзаат процесот на сопственото нуклеарно разоружување, наместо да се занимаваат со Техеран, чија програма, според него, е за цивилни потреби. Од своја страна, Клинтон излезе со изјава дека Ахмадинеџад во Њујорк ќе се обиде да го сврти вниманието на друга страна и да внесе забуна за ова прашање.„Нема да му дозволиме на Иран да ја смени приказната од онаа вистинската, а тоа е нивното одбивање да се потчинат на меѓународнит6е норми“, рече Клинтон. САД во понеделник доби поддршка и од Генреалниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, кој истакна дека целиот товар на докажување на невиноста паѓа врз Иран. Членки и потписнички на договорот се 189 држави, тоест сите светски држави освен Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.Последниве четири поседуваат нукеларни арсенали или програма за изработка на такви арсенали. Земјите-членки се собираат на секои пет години за да дискутираат за нови пристапи кон ова прашање. Но, Конференцијата за неширење на нуклеарното оружје не може лесно „да обележи и оцрни“ некоја држава која наводно го крши договорот, како на пример Иран, затоа што како држава – членка, нивната делегација ќе го блокира консензусот потребен за носење на ваква одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Апсења во Пакистан по снимка во која брат ја убива сестрата, таткото гледал сè
Пакистанската полиција уапси татко и брат откога видеото од провинцијата Пенџаб, на кое брат ја дави својата сестра додека таткото гледа, стана вирална, соопштија официјални лица.
Настанот предизвика шок и бес во нацијата, која се бори со бранот насилство врз жените. 22-годишна девојка била убиена од својот брат додека таткото гледал, а непознато трето лице го снимило злосторството, изјави за ДПА претставникот на локалната полиција, Рана Акмал.
Инцидентот се случил во градот Тоба Тек Синг минатата недела. Семејството ја закопало жената тврдејќи дека умрела од колера.
И таткото и братот ѝ кажале на полицијата дека со години ја силувале жената и ја убиле за да го скријат своето злосторство, изјави полицискиот службеник Мохамед Имран.
Се спроведуваат рации за апсење на лицето, кое наводно го снимило злосторството.
Регион
Родителите на двегодишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ сè уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации што не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата, во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција“, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.