Контакт

Свет

Се враќа ли Буш на политичката сцена?

Објавено пред

Заведен како еден од најлошите претседатели во историјата на САД кога замина од службата, 63 годишниот Буш малку се појавуваше во јавноста, заминувајќи од видикот откако земјата го сврте своето внимание кон неговиот наследник, претседателот Барак Обама.

dobivaj vesti na viber

Денес, некои настани би можеле да се свртат во негова полза, особено откако тој и неговото семејство најавија дека ќе ја раскажат приказната гледано од нивната страна, најпрвин со објавувањето на мемоарите на Лора Буш, деновиве, насловени како „Кажано од срцето“, а потоа и во ноември, кога ќе излезе неговата книга „Моменти на одлука“.„Рехабилитацијата е веќе цврсто зачекорена“, вели Марк Меккинон, човек од доверба на Буш, кој се’ уште оди на велосипедски прошетки со претседателот во Тексас.„Неговите приврзаници отсекогаш веруваат дека историјата ќе биде многу пољубезна кон претседателот отколку јавното мислење за време на неговиот мандат. Ние, исто така, веруваме дека лидерите што носат тешки одлуки ретко се популарни додека се претседатели, но дека историјата ќе ги стави нештата во вистинскиот контекст“.Пред се’, војната во Ирак можеби нема да се покаже како црно петно на неговото владеење.Иако и натаму има проблеми – а оружјето за масовно уништување на кое се повика Буш кога нареди инвазија не беше најдено – изгледа дека демократијата фаќа корен, а САД се на патот да ги повлечат борбените трупи до август оваа година, па сега дури и демократскиот потпретседател Џо Бајден ја нарекува војната во Ирак „успех“.„Јас сум голем оптимист што се однесува на Ирак“, рече Бајден неодамна. „Во Ирак Ќе видите стабилна влада, која е на пат да стане репрезентативна“.Во истото време, Обама веќе ги пречекори високите буџетски дефицити и бележи рекордни долгови кои во времето на Буш се намалуваа, во време кога тој ги намалуваше даноците, почнувајќи две војни, проширувајќи ги областите на здравствената заштита. Јавниот федерален долг во фискалната 2001 година, за време на првиот мандат на Буш како претседател, беше 5.7 трилиони, или 9.9 трилиони во 2008, неговата последна цела година за време на владеењето. Буџетот на Обама проектира јавен долг од 16.3 трилиони на крајот на фискалната 2012, последната цела година на неговиот прв мандат.Според анкетите на АБЦ-Вашингтон пост направени деновиве, Американците се’ уште повеќе го обвинуваат Буш за слабата економија и дефицитите отколку што го обвинуваат Обама, 3 наспрема 1.Претседателот на Демократскиот национален комитет, Тим Кејн, вели дека неговата партија есенва ќе почне кампања против Буш, дури и ако поранешниот претседател не се најде на гласачко ливче, со која ќе го обвинат за рецесијата, која почна пред негови очи, тврдејќи дека неговата одговорност е поголема, иако Демократите го контролираа Конгресот почнувајќи од 2007 – затоа што „претседателското водство ги влече конците“.Републиканците на тоа гледаат поинаку. Сенаторот Џон Корнин од Тексас, мисли дека враќањето на Буш е веќе започнато.„Популарноста на претседателот Буш се подобрува со секој нов ден“, вели Корнин. „На репутацијата на Буш не може ништо друго да и’ се случи, освен да се подобри“.Можеби, но исто така е вистина дека рејтингот на Буш повеќе нема каде да оди, освен нагоре. Тој ја напушти канцеларијата со најнискиот рејтинг во американската историја, и неговата популарност многу малку е променета од неговото заминување.Анкетата на СиБиЕс – Њујорк тајмс за април, на пример, покажува дека 27 проценти од Американците имаат позитивно мислење за Буш, а 58 отсто не му се наклонети. Тоа покажува дека во суштина неговата популарност не е променета од првата недела кога ја напушти канцеларијата.Истражувањето на СиЕнЕн покажува дека неговата популарност пораснала за 10 проценти во првата година по напуштањето на функцијата; речиси исто како што покажала и анкетата на Фокс Њус, 11 поени.Освен што може да го следи развојот на настаните, поранешен претседател како Буш би можел и да влијае на неговиот рејтинг по заминувањето од Белата куќа, преку тоа како дејствува и колку добро работи на неговиот случај.Луѓе од круговите блиски на Буш велат дека неговото одбивање да се придружи на оцрнувањето на Обама, кое е владее во неговата партија, веројатно прави да им биде помил на многу Американци, особено во споредба со поранешниот потпретседател Дик Чејни. „Напротив, тоа прави претседателот Буш да изгледа добро“, вели Меккинон.Неговата книга може да му помогне, исто така, ако е добро напишана и добро изаргументирана. Ричард Никсон помина години пишувајќи за надворешната политика за да поткрепи тој дел од неговото наследство. Џими Картер и’ помогна на неговата кауза со опсежна хуманитарна работа.Конечно, дури и навестувањата за можен скок на популарноста за 43 претседател се знак дека првиот заклучок би можел да биде преуранет.Според мрежата Хистори Њуз на Универзитетот Џорџ Мејсон во Вирџинија,  во април 2008, додека се’ уште беше на функцијата, 61 процент од историчарите одговориле дека Буш бил најлошиот претседател во историјата на САД.Но, и историчарите велат дека можеби би биле потребни децении за да може објективно да се анализира влијанието на претседателот – време колку што е потребно за политиките да ги дадат своите резултати, за да станат познти детали од меѓународните дебати и време колку што е потребно за пристрасноста од двете страни да си замине од сцената.„Не можете да почнете реалистично и објективно да го оценувате работењето на некој претседател пред да поминат години од неговото заминување од канцеларијата“, вели Стивен Шиер, политички истражувач од Колеџот Карлтон во Минесота. „Ќе бидат потребни 30 години за да можеме точно да го оцениме работењето на Буш“.„Одреден период, нема да можеме да добиеме вистински добра перспектива“, вели Берт Рокман, историчар на претседателите на Универзитетот Пурдју во Индијана. „Не мислам дека неговото претседателство ќе биде во погорните фиоки со предметите за разгледување. Би можело да биде и некаде под средината, но, не би можело повеќе да се задржи на дното“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Бајден тајно и го испрати на Украина најмоќното оружје досега, тие веќе жестоко ги нападнаа Русите

Објавено пред

Соединетите држави тајно испратија нов ракетен систем со долг дострел во Украина минатата недела, а украинските сили веднаш го искористија оружјето за да нападнат руски воен аеродром на Крим минатата среда и руски војници во југоисточниот дел на земјата во текот на ноќта во вторникот, изјави американски официјален претставник за „Њујорк Тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Соединетите Американски Држави претходно и доставија на Украина верзија на овој тактички ракетен систем – познат како ATACMS – кој може да носи касетна муниција до растојание од 160 километри.

Но, Украина долго време копнееше за верзија на системот со подолг дострел, со домет од околу 450 километри, кој може да достигне подлабоко во окупирана Украина, вклучувајќи го и Крим, центарот на руските воздушни и копнени сили и центрите за снабдување на силите на Москва во југоисточниот дел на земјата.

Во текот на ноќта во вторникот, Украина употреби ракети со поголем дострел за да ги нападне руските војници во пристанишниот град Бердјанск на Азовското Море, изјави висок американски претставник.

Минатата среда, профилите на социјалните мрежи во Украина објавија големи пожари и експлозии на воениот аеродром во Џанкој, Крим, за кој висок американски функционер рече дека исто така бил цел на ATACMS.

Во говорот таа вечер, украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на генералот Олександр Сирски, главниот командант на Украина, но не кажа повеќе за нападот.

Американскиот претседател Бајден тајно ја одобри одлуката за испраќање повеќе од 100 ракети со поголем дострел во средината на февруари, изјави висок функционер, како и повеќе варијанти на касетна муниција. Тие беа дел од испораката на оружје за Украина во март вредна 300 милиони долари.

Бајден долго време одбиваше да испраќа ракети со поголем дострел поради неколку причини, рече официјалниот претставник. Прво, американската војска одлучи да го намали бројот на проектили што ги продава на трети земји, намалувајќи ја загриженоста на Пентагон за можниот недостиг. Зголемената употреба на балистички ракети од страна на Русија и зголемените напади врз клучната инфраструктура, исто така, ја поттикна Украина поагресивно да бара оружје што би можело да помогне во спротивставувањето на овие закани.

Првите напади со новите ракети имаа разорни последици, пишува NYT. Видеата објавени од жителите на социјалните мрежи минатата среда ги покажуваат пожарите што избувнаа по нападот. Четири часа по нападот, Crimean Wind, група која ги следи објавите на локалните социјални мрежи, извести дека погодената руска муниција сè уште експлодира. Тие рекоа дека се разнесени прозорците на куќите во близина на аеродромот.

Подоцна, Генералштабот на Украина објави снимка од ракетниот напад со детали за нападот на украинските безбедносни претставници – четири ракетни системи земја-воздух С-400, три радарски станици, командно место за воздушна одбрана и систем за команда и контрола на одбраната на Крим.

Прикажи повеќе...

Свет

Сандерс: Израел има за цел да ги елиминира Палестинците, а не Хамас

Објавено пред

Американскиот сенатор Берни Сандерс рече дека она што Израел го прави во Појасот Газа повеќе не е војна против Исламското движење на отпорот Хамас, туку елиминација на животното ткиво на Палестинците.

dobivaj vesti na viber

Во говорот пред Конгресот за одобрување на странска помош, вклучително и безбедносна помош за Израел, Сандерс додаде дека она што се случува во Појасот Газа не е несреќа или воена грешка, туку пресметана политика која систематски се спроведува шест месеци.

Тој посочи дека е невозможно да се погледнат сите овие факти и да не се заклучи дека политиката на израелската влада е насочена да го направи Појасот Газа неподобен за живот, а тоа всушност и се случува.

Американскиот сенатор го критикуваше и американското соучесништво во војната во Појасот Газа и рече дека војната во Газа се гледа како израелско-американска војна.

Тој објасни дека „поголемиот дел од бомбите и воената опрема што ги користи Израел во војната во Појасот Газа ги обезбедува нашата земја со парите на американските даночни обврзници“.

Тој посочи дека САД и даваат милијарди долари на владата на Бенјамин Нетанјаху, која ги затвора границите на Појасот Газа и спречува храна и медицински материјали да стигнат до оние на кои им е потребна.

Сандерс рече дека Израел систематски го уништувал здравствениот систем во Појасот Газа, а од вкупно 37 болници уништил 26 од нив, кои се целосно вон функција, додека останатите само делумно работат.

Сандерс, независен член на Сенатот, рече дека ќе воведе законски амандмани за намалување на милијардите од воената помош за Израел, нагласувајќи дека САД не можат да продолжат да ја финансираат оваа „страшна војна“ во Појасот Газа.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.

Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.

Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија11 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија11 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија12 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија13 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија13 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија14 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија14 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија14 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија15 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија15 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија15 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија15 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија16 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија16 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија18 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија20 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија21 час

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....