Свет
Иран обеси пет лица поради терористички напад
Иранското јавно обвинителство денеска потврди дека во Иран е извршена смртна казна над пет лица за кои се тврди дека биле припадници на терористичката група
Според извештаите, сите пет лица се погубени, изутрината во затворот Евин во близина на Техеран.Тројцата се уапсени уште во 2006 година поради поседување на оружје и експлозивни направи пронајдени во нивните домови, а обвинети се и за неуспешниот обид на бомбашкиот напад на Техеран, организиран од сепаратистичката Странка за слободен живот на Курдите.Четвртата погубена личност е жена која е уапсена во моментот кога под автомобил во близина на воената база на државната Исламска револуционерна гарда во Техеран се обидела да монтира експлозивна направа.Петата личност е погубена поради учеството во бомбашкиот напад во градот Ширазу 2008 г.Кон крајот на јануаи годинава со бесење беа езекутирани двајца осуденици од групата од 11 лица кои се осудени на смрт под обвинение дека учествувале во заговор за уривање на иранскиот режим и Исламската Република и дека се членови на вооружени групи.Претходно На почетокот од годинава иранските власти извршија смртната пресуда со бесење врз тројца мажи кои силувале 12 жени од кои седум убиле.Минатата година, на пример, иранските власти извршиле 270 а во 2008 г. 246 смртни казни.Иранските власти на забелешките од меѓународната заедница и граѓанските здруженија кои се против смртната казна, одговараат дека смртните казни се потребни заради одржувањето на јавната безбедност. Делата за кои во оваа држава се пресудува најтешката казна, се убиство, силување, тешки вооружени грабежи, распространување дрога и прељубништво.На листата држави каде што се’ уште како казна се изрекува смртната пресуда, прва е Кина, што во некоја рака е разбирливо со оглед на нејзината бројнот, а Иран е втор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Прашина од Африка стигна во Грција: небото над Атина стана портокалово
Небото над Атина, главниот град на Грција, стана портокалово поради огромните облаци од прашина што пристигнаа од Африка.
Грчкото здружение за пулмологија ги предупреди граѓаните дека честичките од пустинската прашина во атмосферата се опасни за луѓето со респираторни проблеми.
🚨#WATCH: As the Saharan dust has turnt the sky of Athens, Greece completely orange.
The Sahara dust is turning the sky into a vibrant orange across Athens, Greece. The wave of dust began yesterday and is forecasted to peak today.
pic.twitter.com/jo7fAwNIv4— R A W S G L 🌎 B A L (@RawsGlobal) April 23, 2024
На луѓето со респираторни и срцеви проблеми им се советуваше да не се занимаваат со активности на отворено, да ги држат прозорците затворени и да користат маски кога се на отворено.
Грчкиот метеоролог Костас Лагувардос објави на „Фејсбук“ дека Атина изгледа како колонија на Марс.
HAPPENING NOW: *Orange sky* – African dust blanketing Greece created an eerie image that made Athens look like a colony on Mars, Greek meteorologist reportedly says pic.twitter.com/qXicm92YPE
— Bruce Snyder (@realBruceSnyder) April 23, 2024
Поради пустинската прашина, намалена е видливоста во центарот на градот и регионот, а грчката метеоролошка служба соопшти дека во северна и западна Грција се очекува дожд од прашина.
In Athens, the sky turned orange due to a large amount of dust brought from the Sahara Desert, pic.twitter.com/Xie3o7Ovku
— S p r i n t e r F a c t o r y (@Sprinterfactory) April 23, 2024
Свет
(Видео) Авион двапати се одби од пистата во Лос Анџелес: „Ова е најгрубото слетување што сме го снимиле“
На аеродромот во Лос Анџелес во живо е снимено неверојатно слетување на авионот на „Луфтханза“.
Имено, за време на слетувањето, авионот еднаш, а потоа и вторпат се одби од пистата и повторно полета предизвикувајќи шокирани реакции кај коментаторите во преносот од аеродромот.
„Што? Леле, леле, леле. Мислам дека ова е најгрубото слетување што некогаш сме го снимиле“.
Кога повторно се нашол во воздухот, авионот со маневрирање успеал да слета на пистата и безбедно да го заврши летот.
The moment a Lufthansa plane performed a rejected landing, or a ‘touch-and-go’, was caught on a livestream.
🎥 Airline Videos Live via YouTube pic.twitter.com/BpYSGuwMCG— Daily Mail Online (@MailOnline) April 24, 2024
Свет
ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција
Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.
ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ од 2023 до 2024 година, објави АНСА.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.