Свет
Четири мртви во изборните судири на Филипини
Четири лица ги загубиле животите во два одвоени инцидента поврзани со изборите кои се одржуваат на Филипини, на кои се избира наследник на претседателката Глорија Аројо
Три лица се убиени а десет се ранети при упад на полицијата во изборен штаб на кандидат за локалните избори во јужната покраина Замбоанги Сибугај во понеделник в зори, изјавил портпаролот на армија, наредникот Арнолд Гасалатан.Засега не е понзата причина зошто полицијата влегла во партиските простории. Војската држи позиции во тој регион во очекување на истрагата, пренесуваат агенциите,Исто така на југ од островската држава во која истоврмено подолго време се водат и сепаратистички судири, во понеделник пред отворањето на избирачките места бил убиен гувернерот на покраината Северен Котабат. Тој бил убиен од заседа, а за убиството се осомничени приврзаници на противкандидатот, соопштила полицијата.Пет лица се убиен во неделата, повторно во инциденти пворзани со изборите.На овие избори околу 50 милиони Филипинци бираат претседател а најмногу шанси за победа има Бенињо Аквино. ИСтовремено се одржуваат и лилакните избори на кои Филипинците бираат 250 претставници, 12 од 14 сенатори и повеќе од 17 илајди ликални и покраински пратеници.Предизборната кампања официјално почна во февруари за кандидатите за претседател, потпретседател и за 12 места во Горниот дом на Конгресот. За локалните избори и гласањето за околу 300 места во Долниот дом на Конгресот, кампањата почнува на крајот од март, а изборите се закажани за 10-ти мај.Изборите на Филипини речиси редовно се проследени со насилство меѓу локалните спротиставени страни, особено во јужниот дел на земјата, каде што безбедносните сили се борат со комунистичките бунтовници, исламските радикали и ривалските кланови
Филипини се потресувани од судири на исламистичките сепаратиси, од ултралевичарските герилци и меѓусебните судири мешу политичарите кои имаат формирано свои парамилиции.Во февруари во судир со војската на островот Јоло, беше убиен водачот на исламистичкото движење на Филипините, Албадер Парад. Исламистичките бунтовници од Абу Сајаф се кријат во шумите на островите во југот од Филипини, и главни активности им се грабнување странци и христијани по што бараат откупи. Филипинските власти ги обвинуваат за поврзаност со Ал Каеда и групата Џама Исламија, која во 2002 г. изврши напад на индонезискиот остров Бали кога загинаа 202 лица.Во декември беше воведена мерка вонредна состојба кога претседателката Глорија Магапагал Аројо, преку нејзиниот државен секретар Едуардо Ермита соопшти дека има овластувања да ја повика армијата за задушување бунтови и заштита на населението. Тоа беше првпат по 28 години на Филипини да биде воведена вонредна состојба. Прогласот за вонредната состојба беше обајвен откако владата добила информации дека во јужната покраина Магуинданао се организраат вооружени групации кои се закануваат со напади. Политичката ситуација на Филипини стана многу напната откако на 23 ноември беше уапсен главниот осомничен за масакрот на 57 лица. Андал Ампатуан Џуниор, градоначалник на помал град и син на гувернерот на покраината Магуанданао, од островот Миндао, беше со хеликоптер префрен во главниот град Манила на испитување.За масакрот во кој беа убиени вкупо 57 лица, осомничени се припадниците на полицијата под контрола на Ампатуан, кој е син на моќниот локален гувернер и член на коалицијата на претседателката Аројо. Од кланот Ампатуан ги негираат ове обвинувања.Масакрот, според локната полиција и медиумите, го извршиле вооружени лица во пресметка меѓу спротиставени локални кланови кои се судираат пред локалните избори.Вооружена паравоена формација за која се верува дека е блиска на гувернерот на провинцијата грабна група меѓу кои имало и новинари и пратеници, и најмалку 14 жени. Потоа беа пронајдени 57 тела изрешетани со куршуми. Во групата од 57 лица имало најмалку 27 филипински новинари.Според локалните медиуми, убиените се упатиле кон изборната канцеларија во градот Магуинданао.Убиените беа поддржувачи на Геналин Тамзон-Мангудадату, која патувала да поднесе противкандидатура за нејзиниот сопруг на актуелниот гувернер на провинцијата Магуинданао, Дату Андал Ампатуан, првенец на едно од најмоќните локални семејства. Таа била придружувана од двајца адвокати, неколку членови од нејзиното семејство и новинари. Убиените новинари ја следеле сопругата на заменик-градоначалникот на градот Балуна, Есмаел Мангудадату која требала да ја предаде неговата кандидатура за изборите на гувернер на покраината. Во јужниот дел на Филипините се води жестоко клановско ривалство меѓу семјествата Мангудадату и Ампатуан, а многу политичари и избрани функционери во регионот финасираат добро вооружени приватни армии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бајден тајно и го испрати на Украина најмоќното оружје досега, тие веќе жестоко ги нападнаа Русите
Соединетите држави тајно испратија нов ракетен систем со долг дострел во Украина минатата недела, а украинските сили веднаш го искористија оружјето за да нападнат руски воен аеродром на Крим минатата среда и руски војници во југоисточниот дел на земјата во текот на ноќта во вторникот, изјави американски официјален претставник за „Њујорк Тајмс“.
Соединетите Американски Држави претходно и доставија на Украина верзија на овој тактички ракетен систем – познат како ATACMS – кој може да носи касетна муниција до растојание од 160 километри.
Но, Украина долго време копнееше за верзија на системот со подолг дострел, со домет од околу 450 километри, кој може да достигне подлабоко во окупирана Украина, вклучувајќи го и Крим, центарот на руските воздушни и копнени сили и центрите за снабдување на силите на Москва во југоисточниот дел на земјата.
Во текот на ноќта во вторникот, Украина употреби ракети со поголем дострел за да ги нападне руските војници во пристанишниот град Бердјанск на Азовското Море, изјави висок американски претставник.
Минатата среда, профилите на социјалните мрежи во Украина објавија големи пожари и експлозии на воениот аеродром во Џанкој, Крим, за кој висок американски функционер рече дека исто така бил цел на ATACMS.
Huge explosions can be seen in Russian-occupied Dzhankoy, Crimea. It is reported that the local airfield is compromised.
Source of videos: Telegram / Astra pic.twitter.com/JhIli2VcNo
— (((Tendar))) (@Tendar) April 17, 2024
Во говорот таа вечер, украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на генералот Олександр Сирски, главниот командант на Украина, но не кажа повеќе за нападот.
Американскиот претседател Бајден тајно ја одобри одлуката за испраќање повеќе од 100 ракети со поголем дострел во средината на февруари, изјави висок функционер, како и повеќе варијанти на касетна муниција. Тие беа дел од испораката на оружје за Украина во март вредна 300 милиони долари.
Бајден долго време одбиваше да испраќа ракети со поголем дострел поради неколку причини, рече официјалниот претставник. Прво, американската војска одлучи да го намали бројот на проектили што ги продава на трети земји, намалувајќи ја загриженоста на Пентагон за можниот недостиг. Зголемената употреба на балистички ракети од страна на Русија и зголемените напади врз клучната инфраструктура, исто така, ја поттикна Украина поагресивно да бара оружје што би можело да помогне во спротивставувањето на овие закани.
Првите напади со новите ракети имаа разорни последици, пишува NYT. Видеата објавени од жителите на социјалните мрежи минатата среда ги покажуваат пожарите што избувнаа по нападот. Четири часа по нападот, Crimean Wind, група која ги следи објавите на локалните социјални мрежи, извести дека погодената руска муниција сè уште експлодира. Тие рекоа дека се разнесени прозорците на куќите во близина на аеродромот.
Подоцна, Генералштабот на Украина објави снимка од ракетниот напад со детали за нападот на украинските безбедносни претставници – четири ракетни системи земја-воздух С-400, три радарски станици, командно место за воздушна одбрана и систем за команда и контрола на одбраната на Крим.
Свет
Сандерс: Израел има за цел да ги елиминира Палестинците, а не Хамас
Американскиот сенатор Берни Сандерс рече дека она што Израел го прави во Појасот Газа повеќе не е војна против Исламското движење на отпорот Хамас, туку елиминација на животното ткиво на Палестинците.
Во говорот пред Конгресот за одобрување на странска помош, вклучително и безбедносна помош за Израел, Сандерс додаде дека она што се случува во Појасот Газа не е несреќа или воена грешка, туку пресметана политика која систематски се спроведува шест месеци.
Тој посочи дека е невозможно да се погледнат сите овие факти и да не се заклучи дека политиката на израелската влада е насочена да го направи Појасот Газа неподобен за живот, а тоа всушност и се случува.
Американскиот сенатор го критикуваше и американското соучесништво во војната во Појасот Газа и рече дека војната во Газа се гледа како израелско-американска војна.
Тој објасни дека „поголемиот дел од бомбите и воената опрема што ги користи Израел во војната во Појасот Газа ги обезбедува нашата земја со парите на американските даночни обврзници“.
Тој посочи дека САД и даваат милијарди долари на владата на Бенјамин Нетанјаху, која ги затвора границите на Појасот Газа и спречува храна и медицински материјали да стигнат до оние на кои им е потребна.
Сандерс рече дека Израел систематски го уништувал здравствениот систем во Појасот Газа, а од вкупно 37 болници уништил 26 од нив, кои се целосно вон функција, додека останатите само делумно работат.
Сандерс, независен член на Сенатот, рече дека ќе воведе законски амандмани за намалување на милијардите од воената помош за Израел, нагласувајќи дека САД не можат да продолжат да ја финансираат оваа „страшна војна“ во Појасот Газа.
Свет
Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.
Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.
Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.
Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.