Свет
Концентрацијата метан во „Распадскаја“ може да предизвика нови експлозии
Спасувачите кои се обидуваат да дојдат до телата на уште 24 лица кои се овдат како исчезнати по двете експлозии од мината седмица во најголемиот руски рудник за јаглен предурпедуваат дека концентрацијата на метан се зголемува
Во рудникот „Распадскаја“ близуи Кузбас во двете експлозии кои се случија ношта мешу 9-ти и 10-ти мај загинаа 66 луѓе, додека судбината на 24 луѓе се ушпте е непозната. Мдицинска помош добија 129 рудари, од кои 94 се хоспитализирани. „Концентрација на гас внатре засега не може да се измери, така што засега не можеме да зборуваме за каква и да е концентрација. Мерките за намалување на концентрацијата не може докрај да бидат спроведени, така што може да се очекува едиснтвено таа да се зголемува“, изјавил за новианрите, главнито воен експерт на руското министерство за вонредни состојби, Павел Плат. Претходно беше објавено дека концентрацијата на експлозивниот метан во рудникот ги надминала сите дозволени граници. Според Плат, намалување на концентрацијата на метан спасувачите ќе се обидат во сабота да го направат во одредени делови на рудникот каде што е висока концентрација, и да ја го стартуваат вентилацискиот систем. Тој додал дека за да се намали концентрацијата на метан, ќе биде употребен специјален реагенс „хладон“ од кој три тона веќе биле донесени од Москва. Овој реагенс инаку го претвора метанот во итнертен гас со што го неутрализира и ја намалува опасноста од експлозии. Во четвртокот од кругот на рудникот од безбедносни причини биле отстранети новинарските екипи и роднините на рударите кои се уште се водат како исчезнати. Потрагат апо телата на настраданите во најлош случај ќе продолжи пет до седум денови, смета Плат, и тоа во зависност од протокот на водата. Продолжи со пребарување на работи е планирано во пет до седум дена. Голема опасност претставуваат евентуалните пожари што можат да се очекуваат во подземните коридори, кои во допир со високата концентрација на метан може да предизвикаат катастрофални реакции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Принцот Вилијам проговори за Кејт Мидлтон: „Жал ми е што не е тука со нас“
При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.
Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.
Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.
„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.
Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.
По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.