Свет
Ирачките специјалци ликвидирале 32 команданта на Ал Каеда
Активностите на меѓународните терористичката организација Ал Каида во Ирак моментално е сведена на 11 теренски команданти, додека претходно на ирачка територија имаше 43 нејзини команданти“, изјавил во средата за весникот Аз-Заман, началникот на генералштабот на ирачката армија
Според генералот Бабикер Зибари, до неодамна во Ирак имало 43 локални команданит на Ал Каеда, но во текот на операциите спроведени од страна на ирачките специјални сили последниве години, биле ликвидирани или уапсени 32-ца од нив. „Останатите на слобода 11 бунтовнички водачи, претставуваат закана за безбедноста на земјата“, вели за весникот началникот на Генералштабот на ирачката армија.Тој, исто така, истакнува дека ирачките безбедносни сили немаат искуство со тероризмот и дури по нивното основање во 2004 г. откако беше соборен режимот на Садам Хусеин и со почетокот на американската инвазија, почнале да се развиваат ирачките специјални сили. „Сега ирачките специјални сили се многу ефикасни во операциите против терористите”, пишува Aз-Заман.На крајот од април, во заеднички американско-ирачки операции во близината на градот Тикрит, беше убиен еден од водачите на групата блиска до Ал Каеда, ткн. Исламската држава Ирак, Абу Омар ал-Багдади и неговиот помошник на Абу Ајуб ал-Масри кој беше одговорен за борбените операции на бунтовниците. Во првата седмица од мај, ирачките безбедносни сили го упасија локалниот командант на Ал Каеда во првоинцијата Ал-Анбар, Калил ал-Дивани.Пред неколку дена, според ирачките медиуми, за време на специјална операција спроведена во регионот Ал-Латифија, безбедносните сили го уапсиле и ткн. „емир на Ал-Каеда“ во јужната област на Багдад, Музахим Хуран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.