Свет
Седум преживеани во падот на индискиот авион
Повеќе од 159 лица загинале а седум преживеале утрово коа авион на „Air Indiа Express“ се уран при слетувањето на аеродромот во индискиот град Мангалоре, пренесоа агенциите (проширено)
Во авионот се наоѓале околу 160 патници и шест членови на екипажот а летал на утрово полетал од Дубаи а според новинските извештаи при слетувањето не успеал да се задржи на пистата која мила влажна од густиот дожд и се распаднал во шумата надвор од аеродромот. Притоа се располовил и се запалил. Како што пренесува Reuters, индиската телевизија утрово прикажала снимки од обидот на пожарникарите да го совладаат огнот.
Во меѓувреме едно седум годишно дете кое било живо извлечено од остатоите на авионот починало од здобиените повреди, јави индиската државна телевизија. Компанијата утврдила дека најмалку осум патници ја преживеале несреќата. Неколку од нив биле прикажани на телевизијата NDТV. AFP јавува дека тие биел сместени во болница и дека се наоѓаат во тешка состојба.Компанијата „Air India Express“ е нискобуџетниот дел од „Air India“, индискиот национален авионски превозник. Основана е пред пет години и ова е прва несреќа на нејзин авион.„Пилотот кој управуваше со авионот е Србин. Вториот пилот е индиски државјанин“, изјавил за новинарите висок службеник на авиокомпанијата, Ануп Шривастав, кој додал дека и двата пилота биле нови во компанијата во која се вработиле во 2009 г. Тој споменувајќи ја националност на српскиот пилот го именувал како капетан „Златко Глушица“, пренесува РИА Новости. Според информациите на индиското министерство за внатрешни работи, тој бил британски државјанин со српска националност. Авионот од типот „боинг 737-800“ ој летал на линијата IX-812 од Дубаи за Мангалор, околу 6.30 часот по средноевропско време при обид да атерира пролизгал од пистата и завршил неколку километри подалеку во шумата каде се располовил и се распаднал. Во авионот имало вкупно 116 луѓе, 160 патници и шест членови на екипажот. Според последните информации меѓу патниците имало 19 деца од кои четири бебиња. Како што беше првично јавено, во катастрофата загинале 158 лица а осум ја преживеале несреќата од кои четири се во критична состојба. Индиските медиуми соопштија дека досега се извлечени стотина тела од остатоците на авионот. Аеродромот на Мангалор бил изграден во 1950-тите а на почетокот од 2010 г. бил модернизиран.Последиве десет години најголеамта авионска катастрофа во Индија се случи на 17 јули 2000 г. која „бонг 737“ на идниската компанија „Alliance Air“ се урна кај градот Патна во северниот дел од државата, при што загина 61 патник. Инаку најголемта катастрофа во иднсикиот авиосообраќај се случи во 1996 г, кога над Њу Делхи се судрија два авиона едниот што летал од КАзахстан а другиот од Саудсика Арабија, при што загинаа 349 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двегодишното девојче кое исчезна во Србија се бара насекаде, полицијата врши распити на голем број лица
Потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое во вторникот исчезна во Бањско поле во Бор, се уште трае и не се знае како е можно девојчето да се изгуби. Полицијата ја проверува секоја информација што ќе дојде до нив, сослушани се неколку лица, повторно се разговараше со родителите, но ниту една информација не укажува на тоа што се случило и каде е Данка, пишува „Нова.рс“
Екипата на порталот денеска беше во Бањско поле каде се уште има голем број полицајци. Властите со багер го чистеа теренот околу куќата во која последен пат била видена Данка. Исто така, на имотот е извршено ископување, а јамите повторно се пребаруваат.
Полицијата ја истражува секоја трага што може да укаже на тоа што се случило со девојчето.
„Полицијата разговараше со голем број луѓе, соседи, познаници, се со цел да ја пронајде Данка. Досега ниту една трага не довела до тоа каде е девојчето или што и се случило“, вели изворот на Нова.рс.
Истрагата се одвива во повеќе правци, а денеска полицијата повторно разговараше со родителите на девојчето.
„На вториот ден од нејзиното исчезнување, родителите на девојчето биле во полиција до доцна во ноќта. Тие утрово биле повторно повикани, а исто така цел ден поминале во полициска станица. Не се познати околностите врз основа на кои два дена биле на распит. Извесно е дека родителите вчера имале разговори и со Центарот за социјална работа, а повеќе од тоа не се знае“, додава изворот на „Нова.рс“.
Неофицијално беше објавено и дека полицијата нашла нова трага, односно дупка на местото на кое исчезна девојчето, и дека целото внимание го насочува кон тоа.
Она што е сигурно е дека се проверуваат сите околности и се сослушуваат и сите лица кои можеби имаат сознанија за случајот.
Меѓу нив е и кој бил зад воланот на автомобилот „пунто“ што го снимиле надзорните камери на куќата во Бањско Поље, во моментот на исчезнувањето на малата Данка. Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.
На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.
„Ја знам таа жена, ја видов како носи две деца во парк, страшно е што се случи“, велат соседите.
Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Во средата по 27 часот полицијата ја прекина потрагата и започна друг вид на акција за пронаоѓање на детето. Во ова мало место кај Бор се уште остана одреден број полицајци, а вчера беше блокиран и пристапот до куќата.
Во потрагата по исчезнатото дете се вклучени припадници на Жандармеријата, пожарникари, планинска спасувачка служба, како и голем број доброволци.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.