Контакт

Свет

Јужна Кореја ја обнови психолошката војна со Северот

Објавено пред

Тензиите меѓу двете Кореи достигнаа опасно високо ниво во вторникот, откако Јужна Кореја ги обнови пропагандните радио-емитувања во Северна Кореја како одмазда за торпедираниот воен брод „Чон ан“ во март годинава, а Северот воведе боева подготвеност на армијата, јавува Associated Press

dobivaj vesti na viber

Повторното воведување на психолошкото војување од страна на Југот е дел од мерките кои Сеул ги најави во понеделникот, заедно со намалувањето на трговската размена и кои треба да претставуваат казна за торпедирањето и потопувањето на јужнокорејскиот воен брод на 26 март, при што загинаа 46 морнари. Минатата недела надлежната комисија за истражување на најголемата воено-поморска катастрофа на југот од завршувањето на граѓанската војна во 1953 година, утврди дека бродот бил погоден со торпедо од севернокорејска подморница. Северот негира каква и да е поврзаност со инцидентот. САД, најголемиот сојузник на Јужна Кореја, целосно ги поддржаа одмаздничките потези на Сеул, кои вклучуваат и обвинување за Пјонгјанг пред Советот за безбедност на Обедионетите нации. Кина, која е, пак, најголем сојузник на Северна Кореја и има право на вето во СБ, засега не реагираше, освен што ги повика и двете страни да се смират. Во Пекинг допатува и американската државна секретарка Хилари Клинтон, каде што со кинеските функционери се обидува да ги координира наредните чекори. Во меѓувреме, врвниот кинески пратеник за нуклеарни прашања замина за Сеул, каде што ќе се обиде да ги смири јужнокорејските лидери. Армијата на Јужна Кореја во понеделникот вечерта ги обнови пропагандните радио-емитувања кон Северот, кои беа замрзнати пред шест години. Емисиите содржат западна музика, вести и споредби помеѓу политичката и економската ситуација во Јужна и во Северна Кореја. Војската планира да започне и пропаганда со летоци, со кои би ги информирала севернокорејците за потопувањето на бродот. Во наредните недели, Сеул исто така ќе постави десеттици пропагандни звучници и високи електрични билборди долж тешко вооружената копнена граница помеѓу двете Кореи, преку кои непрекинато ќе се испраќаат пораки до севернокорејските војници да пребегнат на југ. Се очекува ваквите потези на Сеул да поттикнат жесток одговор од Пјонгјанг. Армијата на северот веќе испрати предупредување дека ќе стрела на сите пропагандни инсталации поставени во демилитаризираната зона. Според тврдењата на организацијата „Солидарност за интелектуалците на Северна Кореја“ со седиште во Сеул, која цитира неименувани извори, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил минатата недела издал наредба армијата од 1,2 милиони војници да се подготви за воени операции, непосредно откако Сеул и официјално го обвини северот за потопувањето на нивниот воен брод. наредбата била прочитана од генералот О Кук Рјол, десна рака на Ким и во четвртокот била емитувана преку јавните звучници поставени ширум земјата. Сепак, ваквите тврдења не можат да бидат официјално потврдени, а во Сеул велат дека не се забележани невообичаени движења на севрнокорејската армија. Од таму потсетуваат дека таквите наредби секогаш најпрвин се објавуваат во државните медиуми, а потоа се емитуваат преку јавните звучници. Јужна Кореја, исто така  ќе ја намали и трговската размена со северот, како и помошта која ја испраќа за оваа економски опустошена земја. И покрај непријателствата, Северна Кореја е втор најголем трговски партнер на северот, со размена од 1,68 милијарди долари или 33 проценти од БДП на Северна Кореја. Сеул ќе ги затвори фабриките во заедничката индустриска зона на границата, а ќе престане и да купува морски продукти од северот. На севернокорејските бродови ќе им биде забрането да минуваат низ јужнокорејските води, а мерките ќе го чинат Северот околу 200 милиони долари годишно. Двете Кореи се се’ уште официјално во војна, бидејќи конфликтот од 1950 – 53 година не заврши со мировен договор, туку со примирје, по што е основана демилитаризираната зона долж 38 напоредница. Во 1987 година, Пјонгјанг беше виновен за уште една трагедија, кога стрелаше и сруши јужнокорејски патнички авион, при што загинаа 115 луѓе.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Објавено пред

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во Бањско поле и рано утринава започнале детално пребарување на просторот околу куќата пред која исчезнало двегодишното девојче.

dobivaj vesti na viber

Екипите се состојат од 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила и едно куче.

Припадниците на српската полиција во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување, информираат од Министерството за внатрешни работи на Србија.

Што правеа багерите вчера околу куќата од каде што исчезна Данка

Вчера околу куќата каде исчезна Данка во Бањско поле имаше два багери.

Според Телеграф.рс, багерите првенствено работеле на расчистување на теренот бидејќи куќата била опкружена со депонија, па полицијата за полесни претреси го расчистува просторот од гломазен и друг отпад.

„Сечат дрвја и го отстрануваат отпадот бидејќи околу куќата има депонија“, јави репортер од местото на настанот.

Прикажи повеќе...

Европа

Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони

Објавено пред

Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.

dobivaj vesti na viber

„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.

Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.

Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.

Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.

Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.

„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.

Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран во 8:38 часот по локално време, на четири километри од Девин, на длабочина од девет километри.

Речиси половина час пред овој земјотрес Бугарија ја погоди потрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Забележан е во 8:09 часот по локално време.

Во 08:42 часот е регистриран и трет земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион30 минути

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа37 минути

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет52 минути

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа1 час

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија13 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија15 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија17 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија18 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија19 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ20 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија20 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија20 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија23 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет24 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет24 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија24 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 ден

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет1 ден

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...