Свет
Бунтовниците планираат напади на Олимпијадата 2014
Руската федерална безбедносна служба ФСБ има информации дека бунтовничките исламистички групи планираат терористички напади во текот на одржувањето на Олимпијадата во Сочи во 2014 г., изјави во четврток нејзиниот претседател Александар Бортников
„Вистинската закана од Ал Каеда беше причината за откажувањето на релито Дакар 2008 г., првпат во историјата на оваа престижна трка. Некои од бунтовничките лидери јасно ги покажаа желбите да направат исто сценарио и пред Олипмијадата 2014“, изјавил Бортников.Според него, во денешно време ниедна држава не е безбедна од терористички напади, а Русија не крие дека е во продолжена состојба на зголемена подготвеност по серијата на терористички напади кои започнаа минатиот ноември со нападот на возот на линија Москва – Санкт Петербург од кој најкрвав беше оној од 29-ти март кога во самоубиствен напад во московското метро беа убиени 40 луѓе, а два дена подоцна во дагестанскиот град Кизлиар беа убиени 12 луѓе.Црноморското монденско туристички летувалиште Сочи е погодно за вакви напади бидејќи е во близната на северан Кавказ кој е засолниште на радикалните бунтовнички групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.