Свет
САД и натаму подготвени за дијалог со Иран и покрај новите санкции
САД останува подготвена за дијалог со Иран, се вели во соопштението на Белата куќа објавено по усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се наметнуваат нови санкции против Иран
САД останува подготвена за дијалог со Иран, се вели во соопштението на Белата куќа објавено по усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се наметнуваат нови санкции против Иран „САД остануваат отворени за дијалог, но Иран мора да се соочи со своите дејствија и јасно да и ја покаже на меѓународната заедница мирољубивата природа на својата нуклеарна програма“, це вели во сопопштението што го пренесе Reuters. „Санкциите се внимателно структуиран и се насочени кон поединци и институции кои ја имаат одговорноста за иранската нуклеарна програма. Тие не се наменети да му наштетат на иранскиот народ“, се додава во цитираното соопштение. Претходно во среда Советот за безбедност при Обединетите нации усвои резолуција со која се наметнуваат нови санкции против заради одбивањето на режимот во Техеран да ги сопре своите активности за збогатување на ураниумот. За поддршка на документот гласаа 12-те членки на Советот за безбедност, Турција и Бразил беа против, додека претставникот на Либан беше воздржан. Ова е четврта резолуција усвоена од страна на Советот за безбедност за санкции на Иран во врска со неговото одбивање да се согласи со барањата на меѓународната заедница во врска со неговат а нуклеарна програма. Во документот кој беше финализиран врз основа на нацрт-предлогот поднесен од САД претходно беше коригиран и усогласен со гледиштата на „шестката“ (САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија) како и на непостојаните членки на Советот за безбедност.Резолуцијата предвидува санкции против иранските банки во странство, доколку постои сомнение дека тие се релевантни за развојот на иранската нуклеарна или ракетни програма. Покрај тоа, во документот се апелира на внимателност во вршењето трансакции со ирански банки, вклучувајќи ја и иранската Централна банка. На резолуцијата која е сочинета на десет страници, исто така, се проширува на ембаргото на ОН во однос на продажба на оружје за Иран и за компаниите кои се ставени на „црната листа”, а истото се однесува и на компаниите кои соработуваат со исламската Револуционерна гарда, најелитната единица на вооружените сили на Иран. Покрај тоа, резолуцијата предвидува и спроведување на строго инспектирање на стоките кои патуваат за Иран, како што се прави и за Северна Кореја. Ситуацијата околу иранската нуклеарна програма ескалираше по 11-ти февруари, кога иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Техеран го прозиведе првото количество збогатен ураниум до 20 отсто и дека има потенцијал да произведува збогатен ураниум и со повисок степен на зногатеност. Махмуденеџад покрај тоа објави и дека има план тројно да го зголеми количеството на нискозбогатен ураниум. Надеж за надминување на тензиите во врска со иранската нуклеарна програма се јави во мај кога Иран, Туреција и Бразил постигнаа троен договор за размена на иранскиот ураниум на турска територија. Според договорот, Иран требаше да го испраќа во Турција 1,2 тони од својот нискозбогатен ураниум до 3,5 отсто за возврат да добие 120 килограми збогатен до 20 отсто од ова нуклеарно гориво.Иран во ноември го одби предлогот на IAEA и групата шесте држави, за испраќање на 70 отсто од неговите резерви нискозбогатен ураниум (до 3,5 отсто) во Русија, каде би бил збогатуван до ниво од 19,75 отсто и потоа во Франција каде би бил преработен во 20 отстотно збогатено гориво кое е нужно за техеранскиот реактор чија намена е во медицински цели.Реакциите во светот за оваа одлука на Техеран сам да го збогатува ураниумот беа единствени во барањата за санкции за режимот на Ахамдинеџад, вклуително и Русија, која сепак уште еднаш јавно го повика Техеран да го прифати предлогот на IAEA за замена на нискозбогатениот ураниум за високозбогатено гориво од други држави.Инаку, за да може да биде користен во воени цели за нуклеарно оружје, ураниумот треба да се збогати на 80 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Девојка која исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.
Свет
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
Пратениците во американската сојузна држава Тенеси усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат скриени пиштоли на училиште. Нацрт-законот беше одобрен со 68-28 гласови во Претставничкиот дом на Тенеси, во кој доминираат републиканците. Државниот Сенат го усвои законот претходно овој месец.
Тенеси има жестока дебата за законите за оружје по минатогодишното пукање во училиште во Нешвил во кое загинаа три деца и тројца возрасни членови на персоналот. Некои од демократите во Претставничкиот дом помогнаа во водењето на протестите во главниот град, што доведе до нивно кратко протерување од законодавниот дом минатата година.
„Ова е ужасен ден за Тенеси, нашите деца, нашите наставници и нашите заедници“, напиша на социјалните мрежи Џастин Пирсон, демократ кој беше исфрлен од Домот минатата година, а потоа беше реизбран. „Наместо да ги заштитат децата, тие пак ги заштитија пиштолите!“
Републиканците и другите конзервативци честопати повикуваат на вооружување на наставниците како одговор на бројните престрелки во училиштата што се случија во САД во последните 25 години. Поддржувачите на овие мерки тврдат дека вооружените наставници ќе ги одвратат потенцијалните пукања во училиштата.
Противниците велат дека оружјето во училиштата веројатно ќе доведе само до трагични случајни престрелки.
Околу половина од сите американски држави им дозволуваат на наставниците или другите вработени во училиштата да носат огнено оружје на училишни терени, според Правниот центар Гифордс, група за безбедност на оружје. Според законот на Тенеси, секое лице кое сака да носи скриен пиштол на училиште мора да заврши најмалку 40 часа полициска обука. Трошоците за обуката заедно со огненото оружје се на товар на поединецот.
Според предлог-законот, идентитетот на наставникот или член на персоналот кој носи оружје нема да биде јавен. Директорите на училиштата мора да дадат одобрение за лице да носи оружје, а началниците на локалната полиција мора да бидат информирани за идентитетот на носителот.
Регион
Во БиХ уапсени 14 криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра
Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата.
Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.
„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.
Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе беше спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и Европол и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).
Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи. Потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и граничари до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.