Свет
Две Британки загинаа во несреќа во ЈАР
Нелспруит, ЈАР (АП) – Две Британки загинаа во сообраќајка со автобусот со кој биле на екскурзија со училишна група низ Јужна Африка, соопошти полицијата, кјавува Асошиејтед прес
Во автобусот имало 22 лица, вклучително и 18 британски ученици и двајца наставници. Но, автобусот излетал од патот во близина на градот Барбертон, во близина на Нелспруит, каде се одржуваат неколку меча за Светското првенство во фудбал, што почнува во петок.
Според капетанот на полицијата, две жени се мртви, а 20 останати патници се повредени. Се уште не е потврдено, дали загинатите се ученички или наставнички.
Возачот од Зимбабве и туристичкиот водач од ЈАР биле исто во автобусот, кога се случила несреќата, а едно лице е сво критична состојба.
Портпаролот на болницата во Нелспруит, Робин Баард, вели дека осуммина од повредените се на пат кон клиниката, а тројца веќе сде стигнати.
„Двајца се сериозно повредени, но стабилни. Очекуваме да примиме уште многу повредени“, вели Баард.
Британската амбасада не била достапна за репортерите на АП, за коментар.
Според капетанот на полицијата, доктор и инспектор се на местото на несреќата, а на повредените веднаш им се укажувала помош.
*фото: Associated Press во договор со www.forum.com.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“ ,во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детал од овој грозоморен терористички чин во „Крокус“, идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во различни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји , кажа рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот „Феникс“.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за „Билд“ изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
„Наместо таксата за претходна пракса од десет евра од посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра од посета на лекар. Исклучок треба да биде земањето рецепти“, рече Аугурски, пренесува магазинот „Феникс“.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
„Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно“, изјави Грес за „Билд“.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.