Контакт

Свет

Стратфор: Аким се обидува да се прошири во Нигерија

Објавено пред

Иако Аким е докажано активна во Нигер и во Мали, веднаш преку границата од главната упориште на „бока харам“, овие активности во поголем дел му се припишуваат на племињата Туарег, кои живеат во овој регион

dobivaj vesti na viber

Лидерот на Ал Каеда во исламски Магреб(Аким), Абу Мусаб Абд ал-Вадуд на 14 јуни за катарската телевизија Ал Џезеира изјави дека неговата група преговара со нигеријското исламистичко движење „боко харам“ во врска со намерите на Аким да го снабдува движењето со оружје, со цел да го оспособи „да ги брани муслиманите во Нигерија и да го сопре напредокот на малцинството крстоносци“. Тој истакна дека Ал Каеда има интерес во субсахарска Африка поради нејзината „стратешка длабочина, што на Ал Каеда поголем маневарски простор““.Иако седиштето на Аким е првенствено во Алжир и ги фокусира нападите на силите за безбедност распоредени околу престолнината, Ал-вадуд и претходно даваше изјави со кои сито така го промовираше ширењето на Ал Каеда во Западна Африка.По воениот удар во Мавританија во август 2006 година, лидерот на Аким упати повик за оружен бунт на кој речиси никој не се одѕва. Мавританија си го доби својот дел од насилството,но Ал Каеда, главно, не успеа да ги развие своите активности во земјата и покрај очигледниот интерес. Нигерија постојано е под закана од исламистите, но транснационалните џихадисти сито така не успеаја да создадат поширока база во земјата.   Нигеријскиот државјанин Умар Фарук Абдулмуталаб, уапсен во декември 2009 година при обидот да активира запалива направа во патнички авион е поврзан со огранокот на Ал Каеда во Јемен, која нема директни врски со Аким. Американската и другите амбасади во Нигерија повремено испраќаат соопштенија за закани кон дипломатските претставништва од страна на транснационалните џихадисти.

Во јуни 2005 година, амбасадите на САД и на Британија во Абуџа беа затворени по закана од џихадистите, а во март 2010 година, американската амбасада го подигна нивото на безбедност како одговор на закана кон американските државјани во земјата. Овие предупредувања покажуваат дека во Нигерија има џихадисти, но таквата активност се уште не успеала да произведе успешен напад во земјата.Згора на тоа и самата „боко харам“ се бори да преживее. Летото 2009 година групата, која исто така се нарекува и „талибани“, иако нема никаква врска со талибаните од југозападна Азија, се обиде да го воведе шеријатот во североисточна Нигерија, со што поттикна секташки насилства во кои загинаа 700 луѓе. Во реакцијата на нигеријската армија која следеше беше убиен и лидерот на „боко харам“, Мохамед Јусуф. Десетици членови на „боко харам“ беа уапсени во неделите по смртта на јусуф и насилства  набргу беа угушени. Иако секташките насилства и натаму спорадично продолжуваат во Северна Нигерија, тие се повеќе поврзани со други тековни проблеми,а не со „бока харам“.Иако Аким е докажано активна во Нигер и во Мали, веднаш преку границата од главната упориште на „бока харам“, овие активности во поголем дел му се припишуваат на племињата Туарег, кои живеат во овој регион. Овие племиња ги грабаат странците во Северен Нигер и му ги испраќаат на Аким, кои потоа ги користат за добивање на откуп или како средство за пазарење со алжирската влада, во замена за уапсени членови на Аким: засега не е познато дека има врски помеѓу туарезите и „бока харам“. Исто така до сега не било забележано присуство на туарезите во Североисточна Нигерија, со што Аким би бил во можност во тој регион да го стори истото што го прави во другите делови на Западна Африка. Исто така, „боко харам“ до сега никогаш не се занимавал со киднапирање за пари и нема исти цели како Аким и Туарезите.Скокот од туарезите кон „боко харам“ не би бил природен за Аким и дури и ако успеале да ги здружат силите, останува нејасно што би можела да стори „боко харам“ по ударот кој и го нанесе армијата во 2009 година. Оттаму, изјавата на Ал-Вадуд од 14 јуни е многу поверојатно пуста желба и реторичка закана, отколку вистинска опасност..



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони

Објавено пред

Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.

dobivaj vesti na viber

„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.

Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.

Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.

Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.

Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.

„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.

Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран во 8:38 часот по локално време, на четири километри од Девин, на длабочина од девет километри.

Речиси половина час пред овој земјотрес Бугарија ја погоди потрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Забележан е во 8:09 часот по локално време.

Во 08:42 часот е регистриран и трет земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Прикажи повеќе...

Европа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Објавено пред

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа. Во сообраќајката се повредени над 20 лица, извести полицијата синоќа.

dobivaj vesti na viber

Да потсетиме, ден претходно слична несреќа се случи во Германија кога автобус на „Фликсбас“ се преврте на автопатот во близина на градот Лајпциг на истокот од земјата. Во таа несреќа загинаа четири лица, а над 20 се повредени.

Автобусот излетал од патот и се превртел на страна во близина на градот Верл, 100 километри источно од Дизелдорф. Целосно е затворен делот од 20 километри од автопатот А44 од излезот Уна Ост до Верл во правец на Касел. На местото на несреќата пристигнале полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.

Полицијата првично соопшти дека 21 лице е полесно повредено, а едно е тешко. Подоцна, тие ја ревидираат бројката на 20 полесно повредени и еден тешко повреден. Портпаролот на полицијата изјави дека автобусот превезувал ученици од стручно училиште во Варбург кои се враќале од патување во Англија.

Се уште не е јасна причината за несреќата. Полицијата соопшти дека никој не е во животна опасност и дека во несреќата не учествувале други возила. Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 минути

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа16 минути

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет30 минути

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа41 минута

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија13 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија15 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија16 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија17 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија19 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ20 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија20 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија20 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија23 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет23 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет23 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија23 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион24 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет24 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет1 ден

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...