Свет
Перу стана најголемиот произведувач на кока
Перу во 2009 г. станал најголемиот производител на лисја од кока во светот, што е основната за производство кокаин, престигнувајќи ја Колумбија каде ова производство опаѓа, објавија во вторник Обединетите нации
Во текот на минатата година во Перу биле произведени 119 илајди тони лисје од кока наспроти 103 илјади тони колку што лани произвела Колумбија која досега го држеше овој примат, извести претставникот на Канцеларијата за борба против дрогите и криминалот на ОН лоцирана во Колумбија, Алдо Лале. Лале нагласил дека површината на која се одгледува коката во Колумбија се’ уште е голема и изнесува 68 илјади хектари, но веќе четири години по ред таа постапно се намалува, досега за 16 отсто. За разлика од тоа во Перу овие површини се зголемиле на 59.900 хектари што претставува зголемување за 6,8 отсто. На трето место на овие „производители“ на листа на ОН се наоѓа Боливија со 30.900 хектари површина на која се одгледува растението кока но тоа е зголемување од само еден отсто во однос на претходната година.„Ако продолжи ваквата тенденција, многу скоро Перу ќе ја надмине Колумбија и ќе стане водечки произведувач на кокаин, а тоа од 1990 г. досега е Колумбија.“, изјавил директорот на Канцеларијата за борба против дроги и криминал на ОН, Антонио Марио Коста, пренесува AFP.Во моментов Колумбија и натаму е најголемиот светски произведувач на кокаин и покрај константното опаѓање на производството од 600 тони во 2007 г., 430 тони во 2008 г. и 410 тони во 2009 г. Инаку во спомнатиот извештај не се наведуваат бројки за производството на кокаин во Перу и во Боливија. Досега беше познато дека во текот на 2008 г. во Перу биле произведени 302 тони кокаин, што е 4,1 отсто повеќе во однос на 2007-та. Боливија како трет светски производител на кокаин произвела 113 тони, што е зголемување за девет отсто во однос на претходната година. Марио Коста за медиумите оценил постојаниот пад на производството и култивирањето на коката во Колумбија е резултат на „добрата политка на контрола на дрогите што со помош на американската финансиска помош од 2000 г. во износ од шест милијарди долари ја спроведува колумбиската власт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие кои имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира брзо, изјави за Телеграф.рс Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока, бидејќи ја чешла секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини, бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
– Би можело да биде се, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата, вели Ницовиќ за српски Телеграф.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четврти ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија пристигна тешка механизација која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.
Свет
Во Таџикистан се уапсени девет лица поврзани со масакрот во Москва
Таџикистан уапси девет лица осомничени дека се поврзани со масовното пукање во руската концертна сала минатиот петок, како и милитантна исламистичка група која ја презеде одговорноста за нападот, изјави таџикистански безбедносен извор за Ројтерс. Четворицата осомничени напаѓачи зад најсмртоносниот напад во Русија во последните 20 години се државјани на Таџикистан. Тие беа уапсени со уште седум други осомничени, од кои некои исто така потекнуваат од поранешната советска централноазиска земја.
Одборот за државна безбедност на Таџикистан приведе девет лица во градот Вахдат. Осомничените сега се во главниот град Душанбе, рече изворот, но не даде детали. Најмалку 143 лица загинаа во напад на концертна сала во близина на Москва.
Таџикистан, член на безбедносниот блок предводен од Русија и дом на руската воена база, ги собра семејствата на осомничените напаѓачи за да можат да бидат испрашани од руските истражители во Душанбе, изјавија извори за Ројтерс.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала, а американските официјални лица рекоа дека имаат разузнавачки информации кои укажуваат на тоа дека нападот го извршил авганистанскиот огранок на мрежата, Исламската држава Хорасан (ИСИС-К).
Руските истражители вчера објавија дека пронашле докази дека напаѓачите се поврзани со „украински националисти“. САД веднаш го отфрлија тврдењето како неоснована пропаганда. Киев остро негираше каква било вмешаност во нападот на концертната сала.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.