Свет
Русија вознемирена од оценката на CIA за Иран
Рускиот претседател Медведев во недела изјави дека е вознемирен со американските тврдења дека Иран има доволно ураниум за производство на две нуклеарни боеви глави, и го предупреди Техеран дека може да се соочи со нови рестриктивни мерки
Директорот на централната американска разузнавачка агенција CIA, Лион Панета, во популарната емисија „This Week“ на телевизиската мрежа ABC ијзави дека агенцијата смета дека Иран има доволно количество нискозбогатен ураниум за производство на две нуклеарни бомби, но дека на Техеран ќе му бидат потребни уште две години за да ги проектира бомбите и да изгради ракетен систем за нивно лансирање.„Што се однесува до овие информации, тие треба да се проверат“, изјавил претседателот Дмитриј Меведев за новинарите во Торонто каде присуствува на самитот на Г20, пренесува Reuters.„Во секој случај, таквите информации секогаш се алармантни, бидејќи меѓуанродната заедница денеска не го признава иранскиот нуклеарен проект како транспарентен“, додал рускиот претседател.Инаку, руските лидери многу ретко ги коментираат изјавите кои доаѓаат од раководните луѓе на CIA, па овој остар коментар на рускиот претседател се смета дека е одраз на зголемените несогласувања меѓу Москва и Техеран во последните месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.