Свет
Талибаните нападнаа важна база на НАТО
Стратегиски важна база на меѓународните воени сили во составот на НАТО во Авганистан во Џалалабад, на исток од земјата, е нападната во среда, а одговорноста за тоа ја презеле талибаните, потврдил портпаролот на командата на Алијансата во Кабул
„Нападот на воена база во Џалалабад се сличи утрово и тој продолжува. Напаѓачите не успеаја да продрат во внатрешноста на базата“, изјавил Иан Бакстер, портпаролот на мисијата ИСАФ во Авганистан, пренесува AFP.Ахмад Зиа Абдулзад, портпарол на локалните власти на покраината Нангархар, чиј центар е Џалалабад, изјавил дека во нападот уечствувале и бомбаши-самоубијци.Портпаролот на авганистанските талибани, Забиула Муџахед, во телефонско јавување ја преземал одговорноста за нападите.Инаку, во среда во Кабул допатува американскиот министер за правда, Ерик Холдер, кој треба да се сретне со авганистанските и американските фиунцкионери заради подобрување на меѓусебната соработка во борбата против криминалот, соопшти Министерството за правда во Вашингтон.„Борбата протви корупцијата и поддршката на правната држава во Авганиатан се приоритет на тамошната влада и ние продолжуваме да ја помагаме авганистанската влада во изградбата на правниот систем на кој авганистанскиот народ има право“, стои во соопштенеито на Холдер издадено од Кабул, пренесува Reuters.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.