Свет
Ве мексиканската нарко војна 21 убиен
Во вооружена пресметка меѓу две мексикански нарко банди загинаа 21 лице, а најмалку шест се повредени, соопштија локалните власти
Престрелката избила вчера во населената област на мексиканската држава Сонора на 20 километри оддалеченост од границата со американската држава Аризона. Вооружениот напад се случил во Ногалес, град кој се смета за еден од главните коридори за криумчарење наркотици и имиграти.Во соопштението на полицијата е наведено дека на местото на случувањето биле уапсени десет лица, од кои шест се повредени, пренесува Associated PreessСе верува дека сите жртви се членови на нарко бандите кои се борат за контрола на патиштата за криумчарење на наркотици.Во соседната мексиканска држава Чиувава, во Сиудад Хуарез, во средата беше убиена заменичката јавна обвинителка на таа држава Сандра Салас Гарсија и еден нејзин телохранител.Сиудад Хуарез се наоѓа спроти Ел Пасо од другата страна на американско-мексиканската граница во сојузната држава Тексас. Сиудад Хуарез е еден од најопасните градови на светот со најголема стапка на убиства која најчесто е двоцифрена на дневно ниво. Неговата местоположба во близина на главниот пат за шверцот на дроги за богатиот американски пазар го направи градот боиште на нарко картелите и бандите кои се борат за превласт на теренот.Сиудад Хуарес со 1,3 милиони жители во сојузната мексиканска држава Чихуахуа е еден од најсмртоносните градови во светот. Во последните три години во него во војната со нарко картелите и локалните банди со кои се броат за превласт на шверцерските канали за дрога, се убиени околу четири илјади лица. Само во 2009 г. во градот беа регистрирани 2.635 убиства во овие пресметки, од вкупно 7.700 извршени во цело Мексико, што според статистиката изнесува 191 човек на 100 илјади жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“, во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детаљ од овој грозоморен терористички чин во ‘Крокус’ идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во разни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји, рече рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.