Свет
Маоистите ја парализираа централна Индија
Маоистичките бунтовници во Индија разнеле во средата вечерта железничка крстосница на истокот од земјата, парализирајќи го железничкиот сообраќај во оваа област, пренесе индиската агенција IANS, цитирајќи полициски претставници
Според индиските медиуми, милитантите во текот на ноќта ја заземале зградата на железничката станица во градот Хехегара во источната сојузна држава Џарканд, и го минирале овој важене железнички јазол. Според првичнтие податоци, во експлоџијата нема повредени, но речиси десет часа во прекин е железничкиот сообраќај во целата област, како и во соседните области низ кои минуваат важни патни правци. Локалните власти соопштиле дека ја почнале реконструкцијата на линијата. Меѓутоа, во истата област, во округот Дхабанд милитантите извршиле уште еден напад парализирајќи го сообраќајот . Индиските маоисти во средата и четвртокот најавија дводневни напади во знак на сеќавање на влијателниот лидер на индиската маоистите Черукури Рајкумар, кој беше попознат по прекарот Азад. Во почетокот на јули, Азад беше убиен за време на рацијата извршена од страна на паравоената полиција во Адилабад во областа Андра Прадеш. Спроед официјалните информации, маоистичкиот лидер пружил вооружен отпор кога полицијата се обидела да го упшаси во прашумитре на Џагапур, каде што маоистите имаат засолништа, при што бил застрелан. На 5-ти јули во централната индиска држава Чатисгар, маоистите од заседа убија најмалку 73 полицајци. Овие напади покажуваат дека тие се многу активни во во повеќе делови на Индија, а посебно се активни во руралните делови, каде владеат лоши економски услови.Премиерот Манмохан Синг смета дека маоистите се најголемата закана за внатрешната безбедност на земјата.На овој напад, во неделата му претходеше уште еден кога богатата со минерални наоѓалишта источна држава Ориза во подметната нагазна мина загинаа десет полицајциМаоистите се ги засилија нападите како одговор на офанзивата што против нив ја презема индиската полиција во неколку сојузни држави од крајот на минатата година, со којашто според официјален Њу Делхи првпат на бунтовниците им се нанесени значителни удари кои го ослабеле нивното влијание и борбена моќ.Во средината на февруари маоистите изведоа напад врз камп на полициските сили во индиската сојузна држава Западен Бенгал каде се водеа борби со бунтовниците кои ги минираа полињата и вршеа жестоки напади врз владините сили.Маоистите, кои велат дека се борат за правата на сиромашните фармери и земјоделци, го проширија своето влијание од исток кон централна и јужна Индија. Инаку, маоистите се активни во 20 од вкупно 28-те индиски сојузни држави.Инаку до сега во бунтот што започна во доцните 1960-те, убиени се повеќе од илјада лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.