Свет
Ал Каеда во Норвешка планирала напади
Двете лица кои утрово беа уапсени во Норвешка и едно во Германија, наводно биел поврзни со неуспешнит енапади во Британија и САД, а се осомничени дека се членови на најголемата терористичка мрежа и дека подговтувале бомбашки напади
Норвешките власти попладнево објасниле дека станува збор за тројца мажи, и тоа 39-годишен Ујгур од Кина со норвешко државјанство, 37-годишне Ирачанец и 31-годишен Узбек кои имале дозвола за престој во Норвешка. Местото каде биле уапсени, нивните имиња и локациите на кои наводно имале намера да ги извршат нападите не се отркиваат. Единствено е соопштено дека се поврзани со неуспешните бомбашки напади во Њујорк и Манчестер, и дека лицата биле следени повеќе од една година „Веруваме дека оваа група била поврзана со лица во странство кои можеле да бидат повррзани со Ал КАеда и со луѓе кои се под истраа во други држави, меѓу другите во САД и во Велика Британија“, нагалсиал Јане Кристијансен од норвешката полција, обајснувајќи дека на крајот полицијата морал да излезе во јавноста со целиот случај, иако тоа не и одело во прилог на истрагата, бидејќи постоела можност веста за апсењата да се појави во странски медиуми.Според норвешката полција, се верува дека оваа земја е избрана за цел на нападите заради ангажманот на нејзините војници во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.