Контакт

Свет

Анализа на „Економист“ за изборите во Јапонија

Објавено пред

Јапонскиот премиер кој се обиде да ги убеди гласачите дека презадолжената економија на земјата се повеќе наликува на грчката, сега треба да ја води битката на својот живот за да остане на функцијата, откако неговата партија постигна катастрофални резултати на изборите за јапонскиот горен дом

dobivaj vesti na viber

Помалку од шест недели откако ја презема функцијата, можноста за уште една лидерска криза нагло се зголемија. Наото Кан е шестиот јапонски премиер во последниве четири години, а веќе се наѕира нова политичка криза. Единствена утеха е тоа што, гласајќи за други партии, Јапонците испратија јасен сигнал дека сакаат подобар економски менаџмент и побрз развој. На овие избори за половина од седиштата во горниот дом на Диетот (парламентот), сировите бројки покажуваат каква папазјанија направи Демократската партија на Јапонија (ДПЈ) од владеењето со Јапонија, откако ги симнаа од власт долгогодишните владетели на земјата од Либерал демократската партија (ЛДП) пред десет месеци. ДПЈ освои само 44 седишта, десет помалку отколку што се надеваа и далеку од потребното мнозинство, дури и во коалиција со својот помал партнер. Во долниот дом, на ДПЈ и недостасува магичното двотретинско мнозинство, со кое ќе можеше да го заобиколи горниот дом. Оттаму, на ДПЈ ќе и биде исклучително тешко да обезбеди поддршка за донесување на легислативата за која се залага.Значи, ќе мора да се прават додатни коалиции.  Но задачата да се пријде до другите политички партии е додатно искомплицирана поради тоа една од партиите кои најмногу „ќарија“ од премрежието на ДПЈ е нивниот стар „душман“, ЛДП. Ова е, најверојатно, најголемото изненадување на изборите во неделата: минатиот септември, кога ДПЈ ја избрка од власт, ЛДП беше во расуло. Во неделата оваа партија, всушност, освои повеќе седишта од ДПЈ, 51, најмногу благодарејќи на добрите резултати постигнати во префектурите со мнозински изборен систем, каде што освои 21 место, споредено со осумте на ДПЈ. делумно најмногу се должат на нејзината стара политичка машина, која не ја заврши целата работа, но целосно ја искористи дезилузионираноста со ДПЈ. Уште еден фактор можеби помогнал за разликата: Шинџиро Коизуми, телевизичниот син на телевизичниот поранешен премиер Јуничиро Коизуми, неуморно ја водеше кампањата за секој кандидат на партијата одделно, иако самиот не беше кандидиран на овие избори. Граѓаните во текот на кампањата кон него се однесуваа како кон поп – ѕвезда, а во земја каде што на политичарите им недостасува шармот на ѕвездите, таквиот магнетизам значи многу.Уште една младешка сила која добро мина на овие избори беше „Вашата партија“, формирана пред една година од незадоволни членови на ДПЈ и на ЛДП. Таа доби десет седишта, згора на едното кое веќе го имаше. Седум од новите места во горниот дом дојдоа преку пропорционалното гласање, со што „Вашата партија“ изби на површината како нива сила на јапонската политичка сцена. Според зборовите на нејзиниот претседател, Јошими Ватанабе, партијата се надева да стане „чувар на портата“ во новиот Диет, но силно се спротивставува на опцијата да влезе во коалиција со ДПЈ. Тоа е партија чиј врвен приоритет е заздравувањето на јапонската економија. Интересно, Ватанабе вечерта на изборите изјави дека нејзина прва цел би била да ја реформира Банката на Јапонија и да ја сопре дефлацијата. Без детаљи, но за оние кои мислат дека централната банка ја носи главната одговорност за јапонската економска болест, тоа би бил добар старт.Што се однесува на економијата во поширока смисла, овие избори тешко може да се „прочитаат“. И ДПЈ и ЛДП се залагаа за покачување на данокот на потрошувачка, но се чини дека ЛДП не беше казнета поради тоа. „Вашата партија“ се противи на покачувањето на данокот, но не изгуби ништо поради тоа. Популистичката Нова народна партија која, како коалициски партнер на ДПЈ, очајнички се обидува да ја врати приватизацијата поштенскиот систем, не освои ниту едно место. Сите жени – кандидатки блиски до Јуничиро Коизуми, реформистот кој беше претставен како главен виновник за се лошо во Јапонија на минатогодишните парламентарни избори, победија во своите изборни единици.Најверојатно најважната порака од овие избори е таа дека гласачите сакаат лидери кои знаат што прават. За жал, таквите се ретки. Кан се чини исто толку заплеткан во прашањето дали да се качи потрошувачкиот данок колку што неговиот претходник, Јукио Хатојама се заплетка во прашањето на селењето на американската воздушна база на Окинава, што доведе до негова смена минатиот месец. Тоа значи и дека сега Кан се соочува со горчлива борба за лидерското место во септември. Колку и да се труди да се претстави себе си како човек од народот, во наредните неколку месеци  новиот премиер треба да размислува за своето сопствено преживување, исто толку колку што ќе размислува за иднината на земјата.Прашањето е уште колку оваа држава без насока може да си дозволи такви дефокусирања?



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Огромна дупка во Рим проголта два автомобили

Објавено пред

Огромна дупка се отвори на улица во југоисточен Рим и проголта два паркирани автомобили.

dobivaj vesti na viber

Дупката со дијаметар од 10 метри и длабочина од околу 10 метри се отворила во раните утрински часови, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на локалната полиција.

Фотографиите и видеата од огромниот кратер брзо се проширија на социјалните мрежи.

Нема извештаи за жртви, а службите за итни случаи соопштија дека за време на инцидентот немало луѓе на улица. На местото на настанот пристигна локалната полиција и пожарникарите.

На фотографиите се гледаат други автомобили паркирани покрај дупката, кои морале да се отстранат.

Во поголемите италијански градови често се отвораат кратери. Кон крајот на февруари, огромна дупка во Неапол, јужна Италија, проголта неколку автомобили во прометна населба.

Дури и во Рим ваквите инциденти не се ретки. Една од причините за тоа е староста на италијанската престолнина, каде стотина години се вршат ископувања и градежни работи.

Прикажи повеќе...

Свет

Полска истражува наводна руска шпионажа

Објавено пред

Полската агенција за внатрешна безбедност изврши претреси како дел од истрагата со други европски безбедносни служби за наводна руска шпионажа, беше соопштено денеска.

dobivaj vesti na viber

Полска, западниот воен центар за снабдување на Украина, која се бори против руската инвазија, вели дека станала главна цел на руските шпиони. Ја обвинува Москва и нејзиниот сојузник Белорусија дека се обидуваат да ја дестабилизираат.

„Документирани се акции насочени кон организирање проруски иницијативи и медиумски кампањи во земјите на ЕУ“, се вели во соопштението, повикувајќи се на интернет порталот voice-of-europe.eu, за кој велат дека објавил проруски материјали.

Претресите беа извршени во вторникот во Варшава и Тихи во западна Полска, се вели без дополнителни детали.

Операцијата била координирана со други земји, особено со партнери од Чешка, се наведува.

Во средата, чешката влада санкционираше две лица, меѓу кои и прорускиот украински политичар Виктор Медведчук и интернет порталот voiceofeurope.com, за, како што рече, водење на операција за проруско влијание во Европа.

Последните дејствија произлегоа од истрагата завршена во јануари оваа година, во која полски државјанин беше обвинет под сомнение дека шпионирал за руските специјални служби.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Објавено пред

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска им нареди на полициските началници да распоредат сили за ред пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден.

dobivaj vesti na viber

Во СМС порака до полициските началници, Дарманин напиша дека „многу високото“ ниво на терористичка закана и „продолжувањето на тензиите“ на меѓународната сцена, особено со војната во Газа и нападот во Москва, „бара исклучителна будност“. за време на велигденските празници овој викенд.

Тој, исто така, додаде дека е неопходно да се воспостави „визуелна контрола на луѓето кои влегуваат во верските објекти за да се откријат сомнителни лица“ и дека „посебно внимание треба да се посвети на „возилата стационирани во близина на големите собири“.

Дарманин дал инструкции за „зголемено физичко присуство на полицијата пред секоја црква или еврејски храм“ од петок до крајот на неделата.

Од почетокот на годината во Франција спречени се два напади. Националното обвинителство за тероризам објави дека еден од тие напади вклучува „џихадистичка идеологија“ насочена против католичка институција.

Велигден, со кој се слави Христовото воскресение, е најголемиот христијански празник. Католиците и протестантите го слават овој викенд, а православните верници на 5 мај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија2 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија3 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија5 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ6 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија6 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија6 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија9 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет9 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет9 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија9 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион10 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет10 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет10 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...