Свет
Доживотен затвор за кубанскиот шпион од Стејт департментот
Пензионираниот аналитичар од Стејт департментот, Кендал Мејерс во петок бил осуден на доживотен затвор за шпионирање во полза на Куба кое траело три децении
Како што пренесуваат вечерва американските агенции, сопругата на 73-годишниот Волтер Кендал Мејерс, една година помладата Гвендолин Штајнграбер Мејерс која исто така беше обвинета, е осудена на шест ипол години затвор. На судењето во ноември 2009 г. Кендал се изјасни како виновен за шпионирање и прислушување. Гвендолин, пак, ја призна вината за заговор за собирање и пренесување информации за националната одбрана. Како дел од казната, двојката исто така се согласила да исплати повеќе од 1,7 милиони долари отштета во пари и друг имот, што всушност преставува проценетата палта која Кендал ја добивал за годините додека работел за американската влада и шпионирал за Куба. Сепак сопружниците не морале да се одречат од 12-метарската едрилица со која планирале да отпловат за Куба каде сакале да ги минат пензионерските денови. Двојката беше уапсена во април 2009 г. по повеќе состаноци со таен агент на FBI, кому му признале дека работеле за интересите на Куба. Тие состаноци биле тајно снимени на видео и аудио записи што биле користени како докази.Според претходно објавените документи, оваа шпионска брачна двојка била мотивирана зашто биле одушевени од Фидел Кастро и кубанската револуција. Тие имале шифрирани имиња, Кендал бил именуван како агент 202 а Гвендолин како агент 123 и агент Е-634.Ни трите децении додека не биле откриени, се користеле со предавател на кратки бранови со чија помош комуницирале од нивната куќа во Вашингтон со кубанските резиденти. Тие се состанувале со кубанските агенти на излети во странство, Тринидад и Тобаго, Јамајка, Мексико, Бразил, Еквадор и Аргентина. Кендал Мејерс работел во Институтот за дупломатска служба во Стејт департментот, а подоцна и во Одделот за разузнавачки работи и истражувања. Пристап за материјалите со ознака „строго доверливо“ имал до 1985 г. Според судските списи, тој на прикриениот федералец му рекол дека податоците ии ги памтел или ги запишувал, а понекогаш доверливите материјали ги носел и дома. Гвендолин рекла дека таа ги обработувала податоците кои биле испраќани до кубанските контакти.Мајерс е поранешен служебеник на Стејт- департментот и имал пристап до тајни документи. Тој соработувал со кубанските власти од 1979 г. се’ до оставката во Стејт-департментот во 2007 г..Двојката Мајерс беше уапсена на 6-ти јуни, по неколкугодишна истрага на Федералното истражно биро.Пензионираниот службеник на Стејт-департментот и неговата сопруга беа уапсени под обвинение дека триесет години шпионирале за Куба, а безбедносните тајни кои ги издавале на комунистичкиот режим во Хавана се карактеризирани како многу сериозни.Во обвинението дека 72-годишниот Валтер Кендл Мајерс постојано се инволвирал се’ подлабоко во безбедносните активности на Стејт-департментот. Тој со во содејство со сопругата, 71-годишната банкараска службеничка Гвендолин, воспоставил шпионска соработка која имала голема важност за Куба. Податоците што ги издавале биле толку вредни, што еднаш дури имале и четиричасовен приватен состанок со комунистичкиот лидер на Куба, Фидел Кастро.Валтер се вработил во Стејт-департментот на одредено време во 1977 г. а од 1985 г. бил вработен на недодредено, а има податоци дека еден период работел како постар аналитичар во разузнавачки материјали за европските работи. Се претпоставува дека тој успеал да изнесе повеќе од 200 документи со изнаката „Врвна тајна“.Филип Кроули, портпаролот на Стејт-департментот изјави дека апсењето е изведено по тригодишна истрага на FBI, а дека државнаат секретарка Хилари Клинтон наредила сеопфатна проеценка на штетите сторени по американската безбедност со дејноста на сопружниците Мајерс. Помошникот министер за правосудст за национална безбеднсот, Дејвид Крис, пак, шпионската дејност ја карактеризирал како извонредно сериозна.Документацијата од процесот покажувала дека брачната двојка добила малку пари, туку дека повеќе станува збор за нивна љубов кон Куба, Кастро и воопшто комунистичкиот режим, пишуваат американските медиуми. Исто така, истрагата забележала и дека методата на нивната шпионка активност се менувала со времето, од пораки со радио-врска и морзеовата азбука, до хартија со невидливо мастило, до електронски пораки испраќани од интернет-кафеа во 2007 г, кога Валтер се пензионирал. Интересно е што развојот на техннологијата во текот на трите децении ја предомислиле Гвендолин да го самени вообичаениот метод на кој им пренесувала информации на Кубанците, со замена на колички за пазарење во супермаркетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.