Свет
Пропаст на „Американската империја“?
На вакво нешто предупредува Најл Фергусон професор по историја на економијата на Харвард и автор на книги за пропаста на Британската империја
Се зголемуваат шансите за ненадејна пропаст на „Американската империја“ во наредните две до три години. Со овие зборови познатиот историчар на економијата и автор на повеќе книги, професорот на Харвард, британецот Најл Фергусон ги разбранува духовите на меѓународниот фестивал на идеи, што неодамна заврши во американскиот град Аспен, известуваат американските медиуми.И покрај жестоките реакции на публиката, како и на модераторот од „Си-ен-ен“, Фергусон ја образложи својата теза. Тој смета дека долговите на САД и понатаму ќе растат што ќе доведе до проблем со „финансирањето на империјата“.„Мислам дека тоа е проблем кој наскоро ќе стане многу акутен. Мислам на следните две години. Мислам дека САД поради фискалните проблеми се на работ на хаосот. Веќе видовме што се случи во Грција, кога пазарот на обврзници ќе ја загуби вербата во фискалната политика“, смета Фергусон.Тој посочува на пропаднатите империи како Советскиот сојуз и Римската империја. Тие пропаднале кога сервисирањето на националот долг станало поголемо од финансирањето на воениот буџет.„Во ваква ситуација денес е САД и тоа е првпат во нивната историја“, потенцира Фергусон.Неговото искажување го извадило од кожа, директорот на фестивалот Волтер Ајсаксон:„Немој да бидеш толку мрачен!“, извикал Ајсаксон.На ова ладнокрвниот Британец му реплицирал:„Знам дека не сте среќни со зборот Империја, особено по 4 јули (Денот на независноста на САД), но факт е дека сега ви сте Црвените мундири (израз за британските колонијални војници во САД, кои така биле нарекувани поради црвени војнички палта)“.Фергусон додал дека САД сега се во „црвено“ поради Големата рецесија, федералните трошоци за излез од кризата, двете војни (во Ирак и Авганистан), намалувањето на даноците од Бушовата администрација и растечките трошоци во социјалата.„Борејќи се со кризата со приватните долгови преку извонредно високата потрошувачка на јавниот долг, неизбежно ќе биде намалувањето на трошоците за националната безбедност. Бидејќи долговите растат, каматите на долгот соодветно ќе растат, дури и во ситуација кога тие би биле процентуално на ниско ниво. Според сегашните проценки федералните долгови ќе апсорбираат 20 отсто од сите даноци што ги плаќате“ вели Фергусон.На крајот британскиот професор, сепак заклучи дека САД „имаат шанса“ и дека се надева на добро, бидејќи пропаста на „американската империја“ не е е добра за светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.