Свет
Убиен францускиот заложник на Ал Каеда
Северноафриканската ќелија на најмоќната терористичка организација во светот објави дека го ликвидирала францускиот заложник, одговарајќи на нападите од Франција и Мавританија врз овој нејзин клон
Според аудио снимката емитувана на телевизијата Ал Џазаира, лидерот на Ал Кaеда за Исламскиот Магреб (AQIM), Французинот Мишел Жермано бил убиен во саботата како одмазда за убиството на шест припадници на групата во неуспешна акција за ослободување, пренесе Reuters.„Францускиот претседател Николас Саркози не успеа да го ослободи својот сонародник со оваа пропадната операциа но сигурно ја отвори вратата од пеколот за сeбе, својот народ и својата нација“, изјавил на снимката лицето кое се идентификувало како водач на AQIM, Абу Мусаб Андул-Вадуд. Неговиот глас звучел на гласовите на другите досега емитувани снимки кои биле припишувани на Абдул-Вадуд.Кабинетот на францускиот претседател издаде соопштение во кое се вели дека нема потврда за убиството на нејзиниот државјанин и дека стручњаци ги проверуваат снимките и другите информации во врска со киднапираниот, пренесува France Presse. Во четвртокот мавританските војници со поддршка на француските специјални сили организираа прекугранична операција против база на AQIM во Мали а нападот траеше неколку денови. Притоа, мавритански високи функционери настојуваа да го намалат значењето на француската улога во операцијата.Пензионираниот 78-годишен инженер Мишел Жермано активист на хуманитарната акција Enmilal беше грабнат на 19-ти април во Нигерија, а се веруваше дека е во заложништвото на една од фракциите на AQIM в Сахара . Извори од француското министерство за одбрана за француските медиуми соопштил дека операцијата за нападот била покрената откако AQIM не дал докази дека Жермано е жив. Ал Каеда на Франција и’ даде рок до идната седмица да се согласи на размена на заробениците и се закани дека во спротивно ќе го убие заложникот.Терористите од истата фракција во Мали веќе осум месеци држата во заложништво двајца Шпанци грабнати во Мавританија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.