Свет
Во уривањето на пакистанскиот авион нема преживеани
Иако пакистанската телевизија Dawn News јави дека осум патници ја преживеале сабајлешната несреќа на авионот на компанијата Airblue, а во него загинале шест пратеници на младинскиот парлемент на Пакистан
Според последните инфорамции лицата кои биле пренесени со хеликоптер се починати. На летото од Карачи за пакситанската престолнина Исламабад, во авитонот од типот „А-321“ иамли 146 патници и шест членови на екипажот. Заменикот началник на службата за спасување при пакистанското министерство за одбрана, Саед Азмат Али додал дека спасителите во потрагата на местото од несреќата не нешле преживеани. Во несреќата загинале и два американски државјани, а меѓу жртвите се шест членови на Младинскиот парламент на Пакистан (општествена организација која има цел да им помага на младите луѓе во здобивање навики за општествени работи) Спроед координаторот на овој проект, Билал Ахмед Рани, малдите луѓе биле на возраст меѓу 18 и 30 години од провинцијата Синд и градот Карачи каде требало да присуствувата на трибина за прашања од енергетиката.Компанијата соопшти дека биел најдени ткн. „црни кутии“ од урнатиот авион кој бил набавен во 2000 г.Авионот се урна на брдото Маргала, на дваесетина километри северно од Карачи, откако кружел околу главниот град заради големиот дожд и чекал да се испразни пистата.Пакистанскиот министер за внатрешни работи Рехман Малик потврдилд ека сире во авионот загинале.„Никој не преживеал. Ги извлекуваме телата на загинатите“, изјавил Малик.Бин Јамин, замени на началникот на полицијата во Исламабад изјавил дека 149 тела веќе биле пренесени во болница.„Направивме жив синџир и од рака на рака во вреќи ги пренесувувавме телата од местотот од кое можевме со коњи да ги транспортираме до најблискиот пат“, изјавил Јамин за новианрите од местото на несреќата.„Овде може да слета само мал хеликоптер, а доколку ги пренесуваме воздушно ќе ни бидат потребни два-три дена“, додал Јамин.Агенциите пренесуваат дека многу од телата изгореле до непрепознатливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН: Две третини од 36-те болници во Газа повеќе не функционираат
Две третини од 36-те болници во Појасот Газа повеќе не функционираат, а болницата Ал-Амал е затворена поради интензивна воена активност, се вели во извештајот на хуманитарните претставници на Обединетите нации.
Светската здравствена организација објави дека Газа сега има само 12 функционални болници, вклучувајќи две „минимално функционални“ и десет делумно, четири на север и шест на југ, изјави за новинарите портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.
Повеќе од дваесет вработени, десет пациенти и луѓе кои ги придружуваа, како и телата на две лица, убиени во болницата Ал-Амал вчера беа преместени од страна на хуманитарната канцеларија на ОН, палестинската Црвена полумесечина и Меѓународниот комитет на Црвениот крст пред да биде затворена болницата.
Андреа Де Доменико, кој раководи со хуманитарните операции на ОН на палестинските територии, ја посети болницата Камал Адван на север, која е делумно функционална, и рече дека прима 15 неухранети деца дневно и дека се бори да продолжи да работи.
Портпаролот на ОН рече дека единствениот генератор на болницата е тешко оштетен и дека здравствените работници и пациентите имаат очајна потреба од храна, вода и канализација.
Според Светската програма за храна, околу 70 отсто од населението на северот на Газа се соочува со „катастрофален глад“, а напорите за испорака на помош се отежнати поради борбите и ограничениот пристап до оние на кои им е потребна храна.
Овој месец, Светската програма за храна можеше да испрати само 11 конвои на север со храна за околу 74.000 луѓе, што е далеку под огромните потреби на населението.
Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека убила повеќе од 200 вооружени лица во континуираната операција против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.
Според израелските медиуми, вооружени членови на Хамас излегле од оперативната сала каде се криеле и пукале во војниците.
Свет
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
Парламентот на Индонезија одлучи поранешната метропола Џакарта да остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео.
Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната Џакарта во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан, Борнео.
Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.
Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата се пресели во Нусантара.
„Откако повеќе не е главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата“, рече тој.
Европа
Кремљ за евентуалното блокирање на Телеграм: „Се повеќе станува алатка во рацете на терористите“
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека во моментов не се планира блокирање на социјалната мрежа Телеграм во Русија.
„Не, во моментов нема такви планови“, изјави Песков за каналот Шот на прашањето дали Русија планира да го блокира Телеграма.
Тој додаде дека основачот на таа платформа Павел Дуров треба повеќе да внимава како се користи оваа социјална мрежа.
„Секако, би очекувале поголемо внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошки аспект, кој порасна, всушност, пред очите на нашата генерација, се повеќе станува алатка во рацете на терористите, се користи за терористички цели“, рече портпаролот на Кремљ, пренесува РИА Новости.
Како што изјави во средата за РИА Новости, извор запознаен со ситуацијата, сторителите на терористичкиот напад во предградието на Москва биле регрутирани преку каналот на Телеграм, Глас Хорасан, сопственост на авганистанското крило на Исламската држава.
Пратеникот на Државната дума од Обединета Русија Олег Морозов денеска оцени дека е неопходно да се развие механизам за автоматско блокирање на каналите на Телеграм кои регрутираат терористи користејќи клучни зборови користејќи вештачка интелигенција.