Свет
Нејасно дали имало атентат врз Ахмадинеџад
Инцидентот со експлозијата крај колоната на иранскиот претседател во градот Хаманд за странските медиуми е неуспешен атентат врз Ахмадинеџад, додека иранските медиуми пренесуваат дека станува збор за експлозија на петарда
Иранските новински агенции во среда попладне се огласија на информациите за атентат врз иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, демантирајќи каков и да обид за атентат, иако утрово извор од кабинетот на претседателот изјави за Reuters дека станува збор за напад., Изворот потврдил дека конвојот бил нападнат кога од аеродромот близу западниот град Хамадан се движел кон стадионот каде Ахмадинеџад требало да одржи говор. Ахмадинеџад во нападот мина неповреден, додека четворица новинари кои ја следела неговата посета минале со повреди но нема информации за нивната состојба.„Нападот се случи утрово. Ништо не му се случи на претседателскиот автомобил. Ја продолжуваме истрагата за тоа кој стои зад тоа“, изјави за агенцијата иранскиот извор. Но ирански државни медиуми во извештаите од попладнето наведуваат дека всушност станувало збор за петарда која ја фрлило момче „возбудено со посетата на претседателот“.Ахмадинеџад доцна попладнево се појави на државната телевизија која го пренесувала неговиот говор, а западните медиуми пренесуваат дека изгледал смирен и не споменал никаков напад. Државната новинска агенција IRNA јави дека „восхитено момче од Хамадан од возбудување фрлило петарда, Тоа не предизвикало никаква паника меѓу насобраните кои срдечно го поздравија претседателот“, пишува агенцијата. Официјалната државна агенција вината за според неа наводниот атентат врз Ахмадинеџад е плод на пропаганда на западните медиуми, а обвинува и ирнаски медиуми. „Некои странски медиуми се обидуваат да го искористат овој случај за други цели, Некои домашни медиуми експлозијата на петарда ја помешаа со експлозија на граната, а некои додадоа дека станува збор за граната од рачна изработка и тоа предизвика забуна“, пишува IRNA.Панарапската телевизија Al Arabia јави дека во прашање е бомба а иста информација јавија и некои ирански полуофицијални агенции, како што се Farsa која во првата вест јави дека станува збор за експлозивна направа. Подоцна агенцијата ја повлече информацијата и ја објави официјалната иранска верзија на инцидентот. Дел од мнението на светската јавност дека станува збор за атентат се базираа на говорот на Ахмадинеџад од понеделник кога на конференција во Техеран изјави дека е убеден оти Израел планира да изведе атентат врз него – „Глупите ционисти најмиле и платени убијци да ме ликвидираат“, изјави иранскиот претседател.Меѓутоа иранските опозициски активисти преку нивните интернет страници и портали предупредуваат на две различни работи. Едната е дека претседателот самиот зборува за напади, а од друга страна можноста тие навистина да се случат.„Тоа е јасен знак дека во Иран не е се’ така добро и дека контролата е е целосна, што е врежано мислење“, рекол попладнево за BBC, Мердад Хонсари, ирански опозиционер кој живее во егзил во Лондон Западните аналитичари набљудувајќи ги реакциите на иранските државни медиуми, забележуваат силно изразена тенденција на иранските власти да го минимизират инцидентот.Во Иран инаку се активни неколку вооружени групи кои се спротиставуваат на властите во Техеран, од кои повеќето се на иранските етнички Курди кои ја населуваат северозападната област од ИРан, потоа етничките Балуч на југоисток и Арапите на југозапад..Забранетата Муџахедин Халк кој и САД ја ставија на листата теерористички организации, досега изведоа многу антивладини напади по исламската револуција во 1979 г. Нејзе и’ се припишува одговорноста за два бомбашки напада во 1981 г .во кои беа убиени десетици високи функционери во Техеран, вклучувајќи го и претседателот и премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Си-ен-ен: Сателитските снимки покажуваат дека во Исфахан нема поголеми штети
Според сателитските снимки од вселената до кои ексклузивно дојде Си-ен-ен, се чини дека нема поголема штета во воздушната база која наводно била цел на израелскиот напад во Исфахан.
Сателитски снимки се направени околу 10:18 часот по локално време. Се чини дека нема големи кратери во земјата и нема видливи уништени згради. Меѓутоа, за да се знае со сигурност дали има некаква штета, ќе бидат потребни дополнителни визуелни сателитски снимки, пишува Си-ен-ен.
Сликите не се како обичните сателитски снимки бидејќи се создадени од сателит кој испраќа радарски зраци кои можат да поминат низ облаците, како оние што моментално ги спречуваат сателитите да ја сликаат областа. Овие радарски зраци се одбиваат од објектите на земјата и се враќаат назад кон сателитот.
Иранската новинска агенција ФАРС објави дека една од можните цели бил воен радар во воена база во провинцијата Исфахан, а единствената штета од нападот се скршени прозорци во неколку деловни згради.
Сликите исто така покажуваат дека иранските F-14 Tomcats кои во минатото беа стационирани во воздухопловната база во моментов ги нема. Дополнителни архивски сателитски снимки прегледани од Си-ен-ен покажуваат дека тие F-14 Tomcats не биле таму некое време.
Свет
Ерменија се согласи да му врати на Азербејџан четири села во пограничната област
Портпаролот на азербејџанското Министерство за надворешни работи Ајкан Хаџизада соопшти дека Ерменија се согласила да му врати на Азербејџан четири села кои се наоѓаат на нивната заедничка граница.
„Како резултат на осмиот состанок на државните комисии за демаркација на државната граница меѓу Азербејџан и Ерменија, Ерменија се согласи да врати четири села во Азербејџан кои беа под окупација од почетокот на 1990-тите“, рече Хаџизада на социјалната мрежа Х.
Азербејџанските власти претходно изјавија дека враќањето на селото е неопходен услов за мировен договор што ќе стави крај на тридеценискиот конфликт меѓу двете земји, кои беа дел од Советскиот Сојуз.
Свет
Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација
Русија вели дека имала контакт и со Израел и со нејзиниот сојузник Иран. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија јасно му ставила до знаење на Израел дека „Иран не сака ескалација“ како дел од овие разговори.
Јордан, кој ја дели границата со Израел и одигра улога во одбивањето на иранските ракетни и дронови напади минатиот викенд, исто така предупреди на „опасноста од регионална ескалација“ и повика на прекин на израелско-иранската одмазда.
„Ги осудуваме сите дејствија кои се закануваат да го вовлечат регионот во војна“, рече јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади. Низ Персискиот Залив од Иран, Обединетите Арапски Емирати велат дека мора да се најдат значајни решенија за тековните спорови и кризи на Блискиот Исток.
Нејзиното министерство за надворешни работи, исто така, повикува конфликтите да се решаваат преку дијалог и дипломатски канали.