Свет
Полска одобри израчување на агент на Мосад на Германија
Апелациониот суд во четврток го одобрил израчување на наводниот агент на Мосад на Германија каде се сомничи за помагање на атентаторите врз лидерот н аХамас во Дубаи минатата зима
Полскиот суд ја потврди јунската одлука на понискиот суд израелскиот државјанин Ури Бродски да го испорача на Германија под обвинение за фалсификување документи, но не и за шпионажа, пренесува DPA. Судот проценил дека шпионирањето против Германија во Полска не е кривично дело. Пресудата значи дека на Бродски во Германија ќе може да му се суди за фалсификување но не и за шпионажа. Пресудата стана правосилна и треба да биде извршена во рок од десет дена.Германија побара испорачување откако на 4-ти јуни Бродски беше уапсен на аеродромот во Варшава, по меѓународна потерница. Таму е осомничен дека дејствувал како агент на странска тајна служба и помагал во фалсификувањето на германски пасоши за еден од напаѓачите врз високиот функционер на Хамас, Махкмуд ал-Мабух. За тоа кривично дело е предвидена казна од три години затвор. Израел се спротистави на испорачувањето со образложение дека со тоа би требало да се занимава израелското правосудство. Барајќи Полска да не го израчи Бродски, Тел Авив ја стави Варшава во незгодна позиција да мора да мира меѓу дава значајни сојузници – Германија и Израел. Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека се надева дека овој случај нема да наштети на полско-изрелските односи, но додал дека според европското законодавство полскиот суд не може да донесе поинаква пресуда. Германи, како и повеќето западни држави беше револтирана од фактот што нејзини пасоши биле употребени од припадниците на тимот атентатори на Мосад за кои се верува дека на 19-ти ноември во хотел крај Дубаи го убиле ал-Мабух кој беше еден од главните основачи на военото крило на Хамас.Полицијата во Дубаи го обвинува Мосад за убиството на Махмуд ал-Мабхуд, еден од водачите на исламската организација Хамас. Според полицијата во Дубаи, осомничените за убиството пристигнале од Париз, Рим, Милано и од Хонг Конг, а по убиството се расштркале по светот. Двајца од нив заминале за Иран со брод.Атентаторите користеле лажни пасоши со имињата и податоците на сопствениците на документите, а осомничени се 27 луѓе, од кои 12 со докумнети на британски државјани.Во март Интерпол со ова вкупно издаде 27 потерници за убиството на ал-Мабхуд во неговата хотелска соба крај Дубаи. Претходно, на 18-ти февруари Интерпол издаде 11 потерници по исто толку осомничени лица. Овие 11-мина патувале со лажни британски, ирски, француски и гермаски пасоши. Шестмина од нив се Британци кои живеат во Израел и негираат какваи да е вмешаност во убиството, а тврдат дека идентитетите им се украдени.Австралиската влада остро реагираше на употребата на австралиски пасоши на луѓето кои може да се вмешани во убиството, па на Израел му е јасно ставно до знаење дека доколку истрагата покаже дека злоупотребата на нивните пасоши, на некој начин е спонзорирано од израелските надлежни, одговорот нема да биде пријателски. И другите земји, чии пасоши се појавуваат кај осомничените ги повикале на разговор амбасадорите од Израел во нивните земји.Израел ниту ја потврдува, ниту ја негира вмешаноста, но нивниот министер за надворешни работи вели дека тоа не може да се поврзи со убиството. Мабхуд, роден во појасот Газа, живеел во Сирија од 1989 г. и израелските и палестинските извори велат дека играл улога на шверцер на иранско оружје за милитантите во Газа. Неименуван разузнавачки извор претходно изјави дека ал-Мабхуд бил клучната личност преку која во појасот Газа пристигнувале иранските ракети со дострел од 40 километри. Меѓутоа, ни тој не потврдил дека Израел има некакво учество во неговата смрт.Во соопштението по повод убиството, Хамас потврди дека ал-Мабхуд бил еден од втемелувачите на военото крило на организацијата која изведе стотици бомбашки напади против израелски цели. Движењето, исто така, вели дека тој бил мозокот во заробувањето и убиството на двајца израелски војници за време на палестинската револуција во осумдесетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.
Свет
(Видео) Пратеник во ЕУ пушти гулаб во знак на мир
Словачки пратеник во Европскиот парламент денеска привлече внимание со пуштање жива птица од говорницата по својот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.
На збунетост и изненадување на присутните претставници во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидер на десничарската партија Словачки патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.
Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.
„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа ѝ треба мир. Да оставиме овој гулаб да нѐ обедини сите“, рече Радачовски.
Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.
Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на зелените, го критикува велејќи дека користел живо животно за да даде политичко мислење, што е спротивно на правилата на парламентот.
„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.
Додека птицата леташе во салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш“.
Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.