Свет
Во авионска несреќа загина поранешен сенатор Тед Стивенс
Поранешниот американски сенатор од републиканците Тед Стивенс со најдолг стаж во горниот дом, загинал во пад на помал авион во кој биле пет лица
Според извештајот на CNN, во падот на авионот имало три преживеани меѓу кои е и директорот на EADS втората во светот најголемата воздухопловна корпорација, Шон О’Кифи, поранешен директор на NASA и неговиот син.Авионот од типот „DeHavilland DHC-3T“ се урнал на 16 километри од Алекнагика на Аласка во вторник навечер по средноевропско време. Акцијата на спасувањето по трите преживеани била попречувана од лошото време, пренесуваат американските медиуми. Тед Стивенс кој наполни 86 години беше сенаторот со најдолг стаж меѓу републиканците, загуби на изборите во 2008 г., откако беше обвинет за корупција, но подоцна случајот беше отфрлен заради процедурални причини.Стивенс во 1978 г. преживеа авионска несреќа во Анчораге исто на Аласка кога загина неговата прва сопруга. Reuters, пак, пишува дека 54-годишниот О’Кифи активно работи на тоа EADS да ја порази компанијата „Boeing“ на тендерот за градење на новата генерации 179 авиони танкери за потребите на американската армија. Оваа зделка е во висина од 50 милијарди долари и е една од најголемите набавки што Пентагон ќе ги направи за подолго време. О’Кифи исто така додека бил директор на NASA бил советник на Стивенс по прашањата за буџетското издвојување за одбраната. Според локалните медиуми кои се повикуваат на извор од Конгресот на САД, групата одлеа на риболов во зафрлените делови на најсеверната сојузна американска држава, а авионот паднал во близина на едно езеро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.