Свет
Почна судењето против најмладиот затвореник на Гвантанамо
Омар Кадр имаше само 15 години кога стана канадски воен заробеник и е обвинет дека во 2002 г. имал намера да изврши воено злосторство
На почетокот од судењето, американскиот воен судија на кандидатите за поротници во процесот против Омар Кадир има предочил дека можат да ја земат в предвид неговата возраст кога ќе одлучуваат дали тој имал вистински намери да стори воено злосторство во Авганистан, пренесе Reuters.Судењето почна во вторник доцна навечер по средноевропско време со избор на поротниците со што САД станаа првата нација по Втората светска војна која пред воен суд за воени злосторства му суди на лице кое било малолетно во времето на извршувањето на злосторството за кое е обвинето. Тој е обвинет по пет точки од обвинението, што може да му донесе доживотна затворска казна. Му се суди за убиство на американски офицер, за обид за убиство, шпионажа, заговор и помагање на терористите.Според неговото признание, тој фрлил бомба која смртно ранила американски специјалец, пред и самиот да биде ранет. Неговиот адвокат се обиде да го оспори ова признание, тврдејќи дека е изнудено со измачување. Обвинителството, пак, тврди дека со Кадр било постапувано ка хуман начин и дека се измислени приказните за тортура. Обединетите нации за случајот на Кадр оценија дека законитоста на процесот е проблематична и дека тоа би можело да претставува опасен преседан за децата војници низ целиот свет.„Правните стандарди за малолетниците се јасни, на децата не би требало да им се суди пред воените судови“, изјави Радик Кумарсварми, специјалниот пратеник на ОН за децата во вооружените судири.Кадр е најмладиот од 176-те затвореници во злогласниот американски затвор Гвантанамо, стациониран во воената база на Куба. Уапсен е во 2002 г. на боиштата во Авганистан кога имал само 15 години. Сега има 23 години, така што речиси третина од својот досегашен живот го мина во затворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.